Вести

Škoda го избра името Enyaq за својот прв електричен SUV модел

Денеска стана јасно дека овој автомобил ќе го носи името Enyaq, со што од една страна Škoda најави дека електро-мобилите ќе имаат имиња кои ќе почнуваат на Е, а истовремено е задржана роднинската поврзаност со класичното SUV портфолио чии членови се Kodiaq, Karoq и Kamiq

12/02/2020

Škoda одамна најави дека наскоро ќе го претстави својот прв електричен SUV модел, а концептот Vision iV беше еден вид вовед во она што треба да се очекува од вториот електричен модел на чешкиот производител, но и прв негов автомобил поставен на групациската MEB платформа.

Денеска стана јасно дека овој автомобил ќе го носи името Enyaq, со што од една страна Škoda најави дека електро-мобилите ќе имаат имиња кои ќе почнуваат на Е, а истовремено е задржана роднинската поврзаност со класичното SUV портфолио чии членови се Kodiaq, Karoq и Kamiq.

Ирското име „Enya“ кое означува „извор на живот“ е инспирација за името на Enyaq, a електричниот кросовер го најавува посериозниот влез на Škoda во фазата на електрификација, во која ќе бидат вклучени и веќе претставените плаг-ин хибрид изведби на повеќе модели.

Иако е прерано за повеќе детали, јасно е дека Škoda Enyaq ќе располага со погон на четири тркала преку два електро-мотора поставени на двете оски, а овој SUV со купе силуета ќе биде силен импулс во најавите на брендот за лансирање десет електрични модели до 2022 година.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider