Slide

Вести

Škoda го најави поемотивниот дизајн на електричниот Enyaq iV

Slide

12/08/2020

Škoda отиде чекор понапред во разоткривањето на деталите за електричниот Enyaq iV, кросовер кој ќе биде и прв модел на чешкиот бренд поставен на групациската MEB платформа.

Официјалната премиера ќе се одржи во Прага на 1. септември, а по скицата од кокпитот, производителот денеска го најави и дизајнот на автомобилот кој има големи амбиции.

Посебно внимание му се посветува токму на овој елемент, бидејќи Škoda го потенцира Enyaq iV како најава за  континуитет во однос на поемотивниот дизајн со побалансирани линии, кој веќе е дел од изгледот на последните модели како Kamiq и Octavia.

– Дизајнот на Enyaq iV e напреден, балансиран и самоуверен. Новите пропорции овозмжуваат посебно динамичен изглед и просторност во кабината, а големите тркала и клиренсот му даваат моќен израз на SUV модел, – вели Карл Нојхолд, предвоникот на дизајнерскиот тим на Škoda.

Официјалната премиера ќе се одржи во Прага на 1. септември, а по скицата од кокпитот, производителот денеска го најави и дизајнот на автомобилот кој има големи амбиции

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба