Новитети

Škoda го најави Vision IN, кросоверот со кој ќе ја освојува Индија

Škoda го најави кросоверот со кој ќе дебитира во Индија, а иако тој во однос на европската понуда е најблиску до Kamiq, поседува специфичен технички-технолошки концепт и адаптираната платформа MQB-AO-IN, која ќе биде основа за проектот наречен India 2.0

03/02/2020

Автомобилскиот саем во Њу Делхи ја донесе долго очекуваната премиера на концептот Škoda Vision IN, кој има посебно значење за брендот, бидејќи се работи за автомобил со кој чешкиот производител ќе ја започне офанзивата на многу важниот индиски пазар.

Škoda го најави кросоверот со кој ќе дебитира во Индија, а иако тој во однос на европската понуда е најблиску до Kamiq, поседува специфичен технички-технолошки концепт и адаптираната платформа MQB-AO-IN, која ќе биде основа за проектот наречен India 2.0.

Платформата и други елементи се развивани во иднискиот град Пуна, тие се подготвени за локално производство во Индија, а Škoda најави дека и 95 проценти од деловите ќе бидат произведени во азиската земја, што со право ќе му овозможи на Vision IN да биде автомобил со печат „Made in India“.

За разлика од споменатите сегменти, дизајнот на Vision IN е подготвен во дизајнерското студио во Млада Болеслав во Чешка, па ако се знае дека концептот во речиси идентична форма ќе влезе во сериско производство, оваа идна Škoda има модерен и трендовски изглед со кој ќе биде навистина интересен продукт посебно за помладите купувачи во Индија.

Останува да се види конечното решение во однос на ентериерот, но уште отсега е јасно дека Škoda нема да дозволи импровизација во однос на квалитетот на материјалите, затоа што за разлика од Европа, во Индија има „апмаркет“ позиција на пазарот и со Vision IN ќе понуди многу пософистициран изглед и дигитализација во однос на ривалите.

Концептот Škoda Vision IN е најава за првиот од четирите најавени модели на Volkswagen групацијата за индискиот пазар, односно понудата во која чешкиот бренд и Volkswagen ќе имаат по два автомобила базирани на MQB-AO-IN платформата.

– Индија е еден од најветувачките и најбрзо растечките пазари за Volkswagen Group, па заедно со брендот Volkswagen сакаме да стигнеме до пазарен удел од 5 проценти до 2025 година. За Škoda, Индија ќе стане еден од најважните пет светски пазари, – вели Бернхард Мајер, CEO на Škoda.

Full screenExit full screen

Slider
Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider