Slide 1
Slide 1

Новитети

Škoda го освежи својот SUV бестселер Kodiaq

Slide 1
Slide 1

13/04/2021

Škoda го претстави Kodiaq во 2016 година, засилувајќи го своето присуство во SUV сегментот со големиот семеен автомобил кој во меѓувреме стигна до повеќе од 600.000 купувачи од над 60 пазари во светот.

Kodiaq денеска преку дигитална премиера е претставен и во ново, освежено издание, кое ќе донесе визуелни промени, но пред се и технолошки напредок за најголемиот SUV на чешкиот бренд.

Новиот Kodiaq со дизајнерското освежување стана поробустен, но и подинамичен, доби нова маска и преден браник, како и променета форма и оптички потпис на светлата.

Направени се суптилни промени и на задниот дел, како и во ентериерот, каде Kodiaq добива дополнителна надградба на квалитетно изработениот ентериер.

Зголемен е и бројот на безбедносни системи во сериската опрема, а опција ќе биде и 10,25-инчна дигитална инструмент табла, која ќе биде вградена во сите RS примероци.

Паралелно со основниот модел, освежени се и специјалните изведби Sportline, L&K и RS, кои исто така ќе ги добијат визуелните и останатите промени. Прпват кај Kodiaq достапни ќе бидат и LED Matrix светлата, кои се во опцијата за сите изведби.

Најмоќната RS изведба добива и нов 2.0 TSI мотор, со што стигна до 245 коњски сили, а истовремено и до помала тежина на елементите на погонската единица во однос на дизел конфигурацијата која ја користеше претходно.

Kodiaq ќе биде понуден со бензински мотори со 150 и 190 коњски сили, како и дизел варијации со 150 и 200 кс.

Големиот SUV ја задржува својата препознатлива функционалност која подразбира опција за седум седишта и максимален капацитет на багажникот од фантастични 2.065 литри.

Повеќе содржини за Škoda:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови