Skip to content

Новитети

Škoda го претстави Kamiq GT – модерниот SUV купе модел наменет ексклузивно за кинеските купувачи

Škoda официјално го промовираше Kamiq GT, уште еден SUV купе модел наменет исклучиво за Кина, а кој со својот атрактивен изглед и неверојатна функционалност ќе атакува на помладите генерации во оваа земја

04/11/2019

Рекордните резултати кои последниве години ги постигнува Škoda немаше да бидат толку импресивни ако не постоеше позитивниот ефект од кинеските купувачи.

Најголемиот светски автомобилски пазар дава одличен импулс за чешкиот производител, во 2018 година токму во Кина се пласирани 341.000 примероци, со што секој четврта продадена Škoda завршила во оваа азиска земја.

Затоа и не изненадува фактот што Чесите имаат посебна стратегија за лансирање новитети и форсирање на SUV моделите кои се ултра популарни меѓу кинеските возачи. Денеска, Škoda официјално го промовираше Kamiq GT, уште еден SUV купе модел наменет исклучиво за Кина, а кој со својот атрактивен изглед и неверојатна функционалност ќе атакува на помладите генерации во оваа земја.

И онака привлечниот дизајн на европскиот Kamiq е надополнет со поспортски карактер за чие истакнување помага токму купе силуетата, а според дизајнерите на Škoda, Kamiq GT користи дел од елементите првпат вклучени на концептот Vision GT. Ентериерот исто така го потенцира GT атрибутот на овој SUV, а купувачите ќе имаат можност за исклучително ниво на персонализација и користење технолошки иновативни системи.

Kamiq GT ќе биде петтиот SUV модел на Škoda во Кина, откако таму купувачите веќе ги имаат на располагање Kodiaq и Kodiaq GT, односно кинеските изведби на Kamiq и Karoq кои доаѓаат со малку променети димензии во однос на европските роднини.

Škoda се врати на кинескиот пазар во 2007 година со поддршка на својата групација и оттогаш оваа земја има големо значење врз продажните резултати на брендот. Првиот модел кој се произведуваше локално е Octavia, подоцна почнува продукцијата на Karoq, Kodiaq, Kodiaq GT, Rapid, Rapid Spaceback, како и на Superb, Kamiq и Kamiq GT.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend