Slide

Вести

Škoda и Seat нема да учествуваат на Саемот во Минхен

Slide

10/05/2021

Неизвесноста околу одржувањето на автомобилскиот саем во Минхен се засили откако беше откажана организацијата на „Октоберфест“ кој се одржува на иста локација, а организаторите сега добија и нов удар кој може да влијае на интересот за големиот собир.

Претставник на групацијата Volkswagen им потврдил на германските медиуми дека брендовите Škoda и Seat нема да учествуваат на ИАА Минхен, а ваквиот потег може да охрабри и други производители да се повлечат од саемот, кој значи и милионска инвестиција.

Минхен го промени концептот на саемот и првпат треба да биде домаќин на овој настан, откако ја презема организацијата од Франкфурт, но пандемијата и тактизирањето на производителите може да донесат сериозни последици.

– Volkswagen Group го поддржува новиот концепт на ИАА и активно ќе учествува со своите носечки брендови Volkswagen, Audi и Porsche. Во моментов се уште не е донесена одлука дали Seat и Škoda би учествувале како дел од корпоративна презентација, – изјавил претставник на пр одделот на VW AG.

Последниот автомобилски саем се одржа во последниот квартал на 2019 година и тоа во Франкфурт, а помалиот број учесници и посетители ги натераа Германците да бараат свежо решение за настанот, кој подоцна му беше доделен на Минхен и чии организатори најавија поинаков концепт кој ќе го напушти класичното претставување во саемски хали.

Производителите кои и онака поретко учествуваа на саемите не се сигурни дали да инвестираат во настан за кој не е јасно дали ќе има услови да се одржи во септември, бидејќи пандемијата се уште не стивнува, а проблематични се и забраните за патувања со одредени земји.

Доколку Минхен го откаже саемот, тогаш нова шанса за враќање на традицијата ќе биде Женева во 2022 година, а Германците ќе мора да чекаат две години за нова шанса.

Повеќе содржини за Škoda:

Slide
Slide

Најнови содржини

Jaguar Land Rover додава трета смена во фабриката во Словачка, за да ја задоволи побарувачката за Defender
Volkswagen Group планира значаен поврат на инвестицијата во електрични возила веќе од 2026 година
Ford и VW Group отфрлуваат намалување на цените на своите електрични модели во Европа, по примерот на Tesla
Toyota трета година по ред е најголем автомобилски производител во светот