Slider

Вести

Škoda има специфична стратегија, нема да брза со електричните модели

Slider

За разлика од Volkswagen кој веќе продава еден, веќе претстави втор, а најави и уште неколку нови модели за наредниов период, Škoda има поинаква тактика во која ќе покаже трпеливост и обид да се почека подобар момент за поголема офанзива

13/10/2020

Производителите кои се дел од групацијата Volkswagen добија сериозен потенцијал во процесот на електрификација со специјалната MEB платформа, но брендовите имаат различна стратегија во однос на проширувањето на електричната гама.

За разлика од Volkswagen кој веќе продава еден, веќе претстави втор, а најави и уште неколку нови модели за наредниов период, Škoda има поинаква тактика во која ќе покаже трпеливост и обид да се почека подобар момент за поголема офанзива.

Неодамна, чешкиот производител го претстави кросоверот Enyaq iV, јасно е дека истиот ќе добие и купе изведба, но засега тоа ќе биде последниот потег на Škoda во однос на електричните изведби.

– Многу лесно можеме да ја зголемиме понудата на електрични автомобили, користејќи ја платформата на Volkswagen, но подобро е да не избрзуваме.

– Ќе почекаме да се зголеми побарувачката на електрични модели, а кога тоа ќе се случи, имаме можност брзо да реагираме, – изјавил Алан Фави, директор на секторот маркетинг и продажба во Škoda за „Аутокар“.

Се чини дека стратегијата на чешкиот бренд е повеќе од разумна, со оглед на фактот што Enyaq iV сигурно ќе го зголеми интересот на купувачите во западноевропските земји, но истовремено Škoda ќе го задржи фокусот на актуелните модели со кои доминира во другиот дел од Европа, а се пробива одлично и во земјите со поголема економска моќ.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider