Slide

Новитети

Skoda ја лансира Scala – новата ѕвезда во компакт класата

Slide

10/05/2019

Од година во година, чешкиот бренд Skoda постојано ги зголемува и исполнува своите амбиции, а покрај задоволството на раководството, очигледен е и позитивниот фидбек од купувачите.

Членот на VW групацијата со право може да очекува уште подобра 2019 година, откако е најавен новиот SUV познат како Kamiq, но пред се поради фактот што во продажните салони пристигнува важен модел како Scala.

Досега Skoda немаше класичен хечбек претставник во Ц сегментот, но зрелоста на производителот дојде на ниво, на кое Чесите се подготвени да многу посериозен играч и директно да го предизвикаат групацискиот бестселер, VW Golf.

4,36 метри долгата Scala најавува навистина солиден простор во кабината со меѓуоскиното растојание од 2.649 милиметри, MQB-AO платформата е гаранција за сите придобивки кои може да ги понуди модерната технологија, а инженерите и дизајнерите заеднички обезбедиле и врвна аеродинамичност.

Иако новитетот во понудата на Skoda e 308 милиметри пократок од докажаната Octavia, Scala ќе понуди идентичен простор за нозете за патниците на задната клупа, нешто што е доволно добра најава за позитивните искуства кои можеме да ги очекуваме од првиот бран купувачи.

Визуелно, Scala ќе биде препознатлива по својот динамичен, но и елегантен настап, специфичните дневни LED светла можат да станат дел од опцијата со целосни LED светла, а на задниот дел е избрана интересна графика заедно со името на брендот кое е распослано на петтата врата.

Сегментот во кој Skoda Scala сигурно ќе биде најскенирана е ентериерот и начинот на кој ќе успее да ги привлече потенцијалните купувачи. Првите впечатоци велат дека нема ризик од разочарување затоа што Scala уште во почетното ниво на опременост демонстрира свежина, потребна доза минимализам и издржливост на деловите каде е очекувано да бидат поставени потврди материјали.

Simply Clever додатоците вообичаено се посебен специјалитет и додаден квалитет, а кај Scala дебитира уште еден интересен додаток, односно практичната инка сместена на отворот за дополнување на средство за чистење на стаклото. Комплимент за автомобилот носи и ултра-големиот багажник чиј почетен капацитет е 467 литри, а може да достигне 1.410 литри.

За безбедноста, на возачот му асистираат и поголем број системи од последната генерација, меѓу кои и автономното сопирање и следење на движење во лента, додека опција е и адаптивниот круз-контрол чии полу-автономни задачи се извршуваат до брзина од 210 км/ч. Производителот ги исполнува очекувањата и во однос на мулти-медиската понуда, на централната конзола може да се избере меѓу екрани чиј дијаметар се движи меѓу 6,5 и 9,2 инчи.

Најатрактивниот Amundsen систем како најнапредна изведба која вклучува и аудио систем со десет звучници, вградена SIM картичка која го поврзува автомобилот со интернет, многу сервиси во зависност од достапноста, како и безжично полнење за паметниот телефон.

Scala ја покажува класата и со опцијата за „виртуелен кок-пит“, односно 10,25-инчна дигитална инструмент табла, со која добива и премиум квалитет во однос на начинот на презентацијата на информациите и содржините од патниот компјутер, навигацијата, односно инфо-забавниот систем.

Нема поголеми изненадувања во однос на моторите, па Skoda Scala на европските купувачи ќе им биде понудена со 1.0 и 1.5-литарски бензински мотори со распон на моќност меѓу 95 и 150 коњски сили. Во однос на трансмисијата, таа варира меѓу пет-степена и шест-степе- на мануелна, односно 7-степена DSG автоматска трансмисија како опција за помоќните изведби.

Бензинските изведби располагаат со филтер за тврди честички, а во игра е и 1.6 литарскиот турбо-дизел со 115 коњски сили и врте- жен момент од 250 Nm. Широкиот спектар квалитети со кои располага Skoda Scala го прават овој автомобил навистина нов важен актер во компакт класата и модел кој без проблеми ќе си обезбеди цврста позиција.

Scala е подготвена за сериозен напад на најодликуваните претставници во сегментот, а може да ја размрда позицијата и на бестселерот со кого има роднински (групациски) врски.

Slide
Slide

Најнови содржини

Jaguar Land Rover додава трета смена во фабриката во Словачка, за да ја задоволи побарувачката за Defender
Volkswagen Group планира значаен поврат на инвестицијата во електрични возила веќе од 2026 година
Ford и VW Group отфрлуваат намалување на цените на своите електрични модели во Европа, по примерот на Tesla
Toyota трета година по ред е најголем автомобилски производител во светот