Стории
Skoda ќе лансира 3 нови електрични модели во следните 3 години, првиот од нив ќе биде кросоверот Elroq
Имено, новиот главен извршен директор на Skoda, Клаус Целмер, во својот прв јавен настап ги најави трите нови електрични модели кои ќе бидат лансирани во следните 3 и пол години. (фотографија од концептот Vision 7S)
До 2030 година електричните возила ќе заземаат 70% удел во вкупната продажба на нови возила на Skoda. Чешкиот бренд во рамките на VW Group инвестира милијарди евра за сопствената електрификација, а неодамна најави дека до 2026 година ќе лансира три нови електрични модели: еден кросовер, еден голем SUV со седум седишта, како и еден помал градски автомобил.
Успехот на Enyaq iV (околу 70,000 примероци беа продадени во светот заедно со купе изведбата) му дава на чешкиот производител дополнителна храброст во имплементирање на електричната стратегија.
Имено, новиот главен извршен директор на Skoda, Клаус Целмер, во својот прв јавен настап ги најави трите нови електрични модели кои ќе бидат лансирани во следните 3 и пол години. За да го оствари ова, компанијата ќе инвестира над 5 милјарди евра во следните 5 години.

Што се однесува до моделите, првиот од нив кој ќе биде лансиран е веќе споменуваниот Elroq, кој ќе дебитира во 2024 година. Името е кованица од “El” што означува електрично возило и “Roq” што произлегува од тековниот Karoq. Elroq ќе биде поставен на MEB платформата која овозможува 55 kW батерија, двонасочно полнење и околку 450 километри автономија.
Потоа, во 2025 ќе биде лансиран малиот SUV, електрично градско возило кое се развива во рамките на VW Group. Овој модел би требало да биде најдостапен – со цени помеѓу 20,000 и 25,000 евра.
Овој модел би бил конкурент на Opel Corsa-e, Mini e и Fiat 500e, сегмент во кој Skoda во моментов нема свој конкурент.
Според планот на Skoda, тие во иднина би се фокусирале на кросовери и SUV модели. Дури и најмалиот од електричните Skoda модели кои ќе следат ќе изгледа како кросовер, со комотен простор во кабината и одлична прегледнот за возачот.
Во однос на дизајнот, изгледот на овој модел би требало да произлегува од неодамна презентираниот концепт Vision 7S.
Третиот модел во серијата ќе биде SUV со седум седишта кој ќе биде долг нешто повеќе од 5 метри. Тој би бил лансиран во 2026, со батерија која ќе овозможи над 600 километри автономија. Технологијата треба да овозможи полнење со капацитет од 200 kW. Овој модел би требало да има батерија со капацитет од 89 kWh.
Сепак, седмото седиште треба да се сфати со резерва, барем врз основа на презентираните рендери од Vision 7S. Имено, седмото седиште е еден вид транспортер за бебиња, поставен во линија на централната конзола. Сепак, останува уште време да се види како инженерите од Skoda ќе ја имплементираат оваа идеја.
За Skoda е многу важен функционалниот ентериер. Концептот најавува три одделни екрани, по еден за возачот и совозачот и еден централно поставен екран.
Skoda очекува да постине многу под водството на новиот директор Клаус Целмер. Во следните неколку години ќе имаме можност да следиме како ќе се имплементира новопрезентирата стратегија.