Вести
Skoda Kodiaq ја презеде првата позиција во клучниот SUV сегмент во Европа
Продажбите во сегментот пораснаа за 15% во првите три месеци, остварувајќи вкупна продажба од 148,627 примероци од кои на Skoda Kodiaq отпаѓаат 21,408.
Toyota ја загуби водечката позиција во сегментот на SUV возила со средна големина, како резултат на проблемите со снабдување на компоненти за својот RAV4. Оваа ситуација ја искористи моделот на Skoda Kodiaq кој првиот квартал го заврши како најпродаван SUV во споменатиот сегмент.
Овој сегмент е еден од најразноличните во однос на погонските изведби, во кој комплетно електричните модели заземаат дури 40% од продажбата.
Продажбите во сегментот пораснаа за 15% во првите три месеци, остварувајќи вкупна продажба од 148,627 примероци од кои на Skoda Kodiaq отпаѓаат 21,408.