Slide 1

Вести

Skoda на 30. ноември ќе најави фејслифт на Karoq, кој ќе добие и плаг-ин хибриден погон од Octavia

Slide 1

Чесите ќе ја вградата најновата генерација на инфотејнмент системот MIB 3 кој вклучува екран осетлив на допир и опционално - дигитална инструмент табла. Се очекуваат нови панели на вратите и нови дизајни на штофот на седиштата.

16/11/2021

На половина на генерацискиот циклус, Skoda подготвува фејслифт за моделот Karoq. Сега производителот ги објави првите скици за изменетиот SUV, кој Чесите веќе неколку недели го тестираат на своја тест патека.

Наследникот на моделот Yeti е веќе четврта година на пазарот, а ја дели платформата MQB A1 со сестринските модели Seat Ateca и VW T-Roc. Фејслифтот на Skoda Karoq ќе биде официјално претставен на 30. ноември годинава, а во меѓувреме, Skoda објави неколку фотографии. 

Од она што може да се забележи, широката шестоаголна решетка е дополнета со двојни лајсни, а под неа може да се забележи голем отвор за воздухот. Сега светлата се потесни и се поставени веднаш до решетката од ладилникот. 

Динамичкиот изглед е нагласен преку новиот дизајн на дневните светла кои сега се поделени во два дела. Дополнителниот елемент е поставен подолу заедно со светлата за магла. 

Како дополнување на подолгиот заден спојлер и редизајнираната задна маска со црн дифузер, се забележува и новата форма на задните светла. 

Се очекуваат минимални промени во ентериерот. Чесите ќе ја вградат најновата генерација на инфотејнмент системот MIB 3, кој вклучува екран осетлив на допир и опционално – дигитална инструмент табла. Се очекуваат нови панели на вратите и нови дизајни на штофот на седиштата.

Што се однесува до погонот, моделот ќе биде дополнет со плаг-ин хибрид изведба, со 1.4-литарски TSI мотор со 204 hp. Овој хибриден погон, кој го користи и моделот Octavia, ќе овозможи околу 50 километри електрична автономија.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental