Skip to content

Новитети

Škoda најави премиера на Kamiq Scoutline во Женева

Во „Палекспо“ ќе дебитира и првата Scoutline изведба на еден Škoda модел, а тоа ќе биде Kamiq Scoutline, автомобилот кој ќе го истакнува авантуристичкиот дух на најмалиот SUV на чешкиот бренд

16/01/2020

Автомобилскиот саем во Женева ќе биде уште една добра можност за Škoda да го претстави целосното портфолио кое во 2020 година има многу сериозни адути, вклучувајќи ја новата генерација на Octavia, но и електрифицираните изведби кои ја добија наставката iV.

Во „Палекспо“ ќе дебитира и првата Scoutline изведба на еден Škoda модел, а тоа ќе биде Kamiq Scoutline, автомобилот кој ќе го истакнува авантуристичкиот дух на најмалиот SUV на чешкиот бренд и ќе добие уникатен настап преку специјално подготвениот концепт за елементите со кои ќе располага.

Преден спојлер и заден дифузер во сребрена боја, 17 или 18-инчни тркала, кровни носачи, хромирана рамка на прозорците, целосни задни LED светла и специјален Scoutline беџ се само дел од елементите на екстериерот кои ќе бидат карактеристични за оваа изведба.

Чешкиот производител истакнува дека Kamiq Scoutline ќе „провоцира“ и со интересниот дизајн на ентериерот, во него се употребени повеќе декоративни и хромирани елементи, специјална микрофибер завршница за седиштата, кожа на воланот и рачката на менувачот, како и амбиентално осветлување со избор на повеќе бои.

Патниците кои ќе сакаат да читаат книга ќе можат да го искористат специјалното LED осветлување во кабината.

Škoda Kamiq Scoutline ќе биде достапен со сите погонски варијации кои се познати од класичната изведба, што значи избор на распон на моќност меѓу 90 и 150 коњски сили.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend