Slide

Вести

Skoda направи промена во своето лого, во иднина наместо симболот, на маската ќе биде поставен логотипот

Slide

Уште една крупна промена која ја открива концептот Vision 7S е дека во иднина наместо симболот, логотипот ќе биде присутен на маската на новите модели.

01/09/2022

Чешкиот производител во рамките на VW Group направи промена во логото и комплетен нов идентитет на бреднот. Новото лого ќе биде аплицирано на моделите од следната година. И симболот и логотипот се променети, а претставувањето пред јавноста кореспондираше со презентирањето на новата “Next Level” стратегија и новиот концепт Vision 7S.

Со најавувањето на новата стратегија, која вклучува амбициозни таргети за продажба на електрични возила, Skoda го прикажа и новото лого, кое во иднина ќе овозможи брендот да има освежен изглед. Забележливо е дека новото лого повеќе не е тродимензионално. Тоа би требало да овозможи да изгледа подобро на екраните на компјутерите и мобилните телефони. Слична промена од тродимензионално во дводимензионално лого направи и сестринскиот бренд Volkswagen пред неколку години.

Сега во логотипот “Skoda” го нема специјалниот знак над буквата “S”, која во чешката азбука се чита како “Ш”. Ова е петта промена на логото на чешкиот производител од 1925 година. Сѐ до 1993 година логото на Skoda имаше мали промени.

Уште една крупна промена која ја открива концептот Vision 7S е дека во иднина наместо симболот, логотипот ќе биде присутен на маската на новите модели. Ова би требало да биде имплементирано на новите модели кои ќе се комерцијализираат од 2024 година.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан