Slider

Вести

Skoda Octavia во јануари наполни 60 години

Slider

Шеесет години подоцна, чешкиот производител со гордост истакнува дека се продадени 6,5 милиони примероци на Оctavia

08/04/2019

Во јануари, 1959 година, во фабриката во Млада Болеслав започна производството на автомобилот со логото на Skoda, кој го доби името Octavia.

Првата едиција подразбираше 4.0-литарски мотор со четири цилиндри, моќност од 40 коњски сили и максимална брзина од 110 км/ч.

Шеесет години подоцна, чешкиот производител со гордост истакнува дека се продадени 6,5 милиони примероци на Оctavia, автомобил кој останува бестселер во портфолиото на членот на групацијата Volkswagen.

Токму со добивањето нов сопственик, Skoda Octavia oд 1996 година доби дополнителен импулс во однос на своите квалитети и потенцијалот, па со досегашните три генерации подготвени како дел од големото семејство, стана меѓу најпопуларните модели во својот сегмент онаму каде што е достапна.

Актуелното издание доби освежување во 2017 година, па само оваа генерација е продадена во над 2,5 милиони примероци, што овозможи и Skoda да поставува рекордна продажба од година в година.

Покрај на домашен терен во Чешка, Octavia денеска се произведува и во Казахстан, Кина, Индија, Русија и Алжир.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider