Slider

Стории

Škoda Octavia низ бројки: 5 фабрики произведоа над 7 милиони примероци, пласирани во 46 земји

Slider

Првата генерација на оваа Škoda во модерната ера беше лансирана во 1996 година, а оттогаш со секое ново издание, чешкиот производител постојано го надградуваше квалитетот и понудата, овозможувајќи Octavia да биде еден од најпосакуваните седан/комби модели на 46 пазари, на кои бил пласиран минатата година

30/04/2020

Можеби коронавирусот ги поремети сметките на Škoda околу почетокот на продажбата на новата генерација на Octavia, но рестартирањето на производството значи дека наскоро ќе го видиме новото издание на бестселерот во продажните салони.

Во меѓувреме, Škoda потсетува на дел од интересните бројки поврзани со Octavia, автомобилот кој досега е произведен во над 7 милион примероци, што сликовито претставено, значи 32.200 километарска колона од примероци на Octavia, или еквивалентно на дистанцата од Млада Болеслав до Сиднеј и назад.

Првата Octavia датира од 1959 година кога поставува нови стандарди меѓу автомобилите во својата класа, а модерната реинкарнација ја доби и четвртата генерација која сигурно ќе биде уште едно успешно поглавје во историјатот на моделот.

Веќе три децении Octavia е бестселер во матичната земја Чешка, но во 2019 година беше бестселер во уште неколку земји, меѓу кои и Полска, Австрија и Швајцарија. Биле испорачани 364.000 примероци за една година, истите биле произведени во пет фабрики, најмногу од нив завршиле во Кина (78.200), а втор најголем пазар за Octavia е Германија (15,45% од продадените примероци).

Првата генерација на оваа Škoda во модерната ера беше лансирана во 1996 година, а оттогаш со секое ново издание, чешкиот производител постојано го надградуваше квалитетот и понудата, овозможувајќи Octavia да биде еден од најпосакуваните седан/комби модели на 46 пазари, на кои бил пласиран минатата година.

Најновата генерација доаѓа со 20 различни сензори задолжени за функционирање на безбедносните и возачките системи, а секој автомобил содржи меѓу четири и пет километри кабел за комплетирање на задачите, вклучувајќи го и говорниот асистент Laura, кој е компатибилен на 15 јазици.

Од интересните бројки поврзани со новата Octavia, издвојуваме дека е достапна во 15 различни бои, со 9 воздушни перничиња и можност за монтирање три детски седишта на задната клупа, секое LED Matrix светло содржи по 22 модули, а достапни се дури 28 Simply Clever додатоци.

Интересен подвиг за Octavia беше брзинскиот рекорд на соленото езеро Бонвил во Јута, каде со засилен 2.0-литарски мотор, оваа Škoda стигна до брзина од 365 км/ч

Интересен подвиг за Octavia беше брзинскиот рекорд на соленото езеро Бонвил во Јута, каде со засилен 2.0-литарски мотор, оваа Škoda стигна до брзина од 365 км/ч.

Повеќе содржини за Škoda

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider