Skip to content

Вести

Škoda Оctavia доби пет ѕвезди и посебно висока оцена за заштита на деца патници од Euro NCAP

Четвртата генерација на Octavia стигнала до резултат од 88 проценти во заштитата на деца патници, што е еден од највисоките резултати постигнат во овој сегмент во историјата на независните Euro NCAP краш тестови

04/12/2019

Новата генерација на Škoda Octavia наскоро ќе им биде достапна и на македонските купувачи, а во меѓувреме нејзината врвна безбедност е потврдена со резултатот на Euro NCAP тестот.

Четвртата генерација на Octavia стигнала до резултат од 88 проценти во заштитата на деца патници, што е еден од највисоките резултати постигнат во овој сегмент во историјата на независните Euro NCAP краш тестови.

Истовремено, Octavia доби оценка 92% за заштитата на возрасни патници, во однос на заштитата на пешаци оценката е 73%, а за безбедносните системи бестселерот на Škoda добил 79%.

– Среќни сме поради заработените пет ѕвездички, бидејќи напорно работевме да ја направиме Octavia посебно безбеден автомобил и да ги подигнеме системите за активна и пасивна безбедност на повисоко ниво, обезбедувајќи повисоко ниво на заштита за сите учесници во сообраќајот. Изминатите години сите наши модели добија највисока Euro NCAP оценка, почнувајќи со Kamiq и Scala, а таа традиција ја продолжи и Octavia, – вели Кристијан Штрубе од Škoda.

Тестираниот примерок бил Octavia Combi, но резултатите ќе се сметаат и за покласичната седан-хечбек изведба на Octavia.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend