Slide 1

Вести

Škoda Octavia RS ќе дебитира со три изведби во Женева

Slide 1

Изведбата која заминува во пензија (фото) е продадена во 172.000 примероци,
а на одредени пазари сочинува и 20 проценти од продажбата на третата генерација на Octavia

27/01/2020

Новата генерација на Škoda Octavia ќе биде една од ѕвездите на претстојниот Саем во Женева, а за уште подобар впечаток ќе се погрижи комплетирањето на понудата со RS спортската изведба.

Како што најавуваат од чешкиот производител, новата Octavia RS ќе добие бензинска и дизел изведба, но и плаг-ин хибрид варијација која ќе ја носи веќе познатата наставка iV.

Премиерата во Женева ќе ги разјасни сите детали околу новиот концепт на Octavia RS и квалитетите со кои ќе влезе во сегментот во кој купувачите се повеќе од пребирливи, но се очекува напредок во однос на перформансите во споредба со претходната генерација.

Ознаката RS има 45-годишна традиција во историјатот на Škoda, а во 2000 година беше претставена првата Octavia RS, која подоцна ги следеше и наследниците, за на одредени пазари да сочинува и 20 проценти од продажбата на третата генерација на Octavia. Изведбата која заминува во пензија е продадена во 172.000 примероци.

Очекувањата се дека бензинската изведба ќе ја надмине моќноста од 245 коњски сили колку што имаше специјалната RS 245 изведба од досегашната гаранција, а дизел изведбата на RS ќе располага со околу 200 коњски сили. Покрај солидната моќност предност на RS iV ќе биде електричната автономија од околу 50 километри.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Специјалнa верзија на Fiat 500X го тестира третото ниво на автономно возење на автопатите во Италија
Citroën претстави нов C3, специјално креиран за Индија и Јужна Америка
Volkswagen, по примерот на Tesla, планира да заработи стотици милиони евра од бесплатните Over-the-Air надградби
Првиот електричен автомобил на Xiaomi ќе пристигне во првата половина од 2024