Slider

Вести

Škoda патентираше осветлен приклучок за безбедносните појаси

Slider

Концептот на Škoda предвидува транспарентен, на местото на класичниот црвен тастер за отпуштање на појасот кога треба да се напушти седиштето, а во него се вградени LED модул со диоди во повеќе бои

04/11/2020

Паметните иновации на Škoda постојано го подобруваат целосниот впечаток и имиџ на брендот, а чешкиот производител во иднина планира да користи и LED осветлување на приклучокот за безбедносните појаси.

Се работи за практично решение за еден традиционален проблем, а тоа е обидот да се пронајде основата со приклучок на појасот, посебно навечер, кога видливоста во кабината е намалена.

Концептот на Škoda предвидува транспарентен, на местото на класичниот црвен тастер за отпуштање на појасот кога треба да се напушти седиштето, а во него се вградени LED модул со диоди во повеќе бои.

Кога нема никој на седиштето, тастерот е осветлен во бела боја, а кога сензорот ќе детектира тежина која подразбира присуство на совозач или патник на задната клупа, се вклучува црвената боја која алудира на задолжително поврзување на појасот.

Штом појасот е поврзан, се појавува зелена боја, а потоа позицијата е осветлена во бела боја, па на пример родителите многу лесно ќе утврдат дали нивните деца ги поврзале појасите на задната клупа.

Иновацијата на Škoda е подготвена самостојно од чешкиот производител, па веројатно наскоро ќе биде вклучена за користење во гамата на овој бренд.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider