Вести
Skoda планира лансирање на четири нови електрични модели во следните 3 години
Електричното портфолио на Skoda до 2026 година ќе вклучува дури шест модели, распоредени во безмалку сите сегменти.
Skoda ја забрзува транзицијата кон комплетно електрична гама со еден караван и три SUV модели.
Четирите нови електрични модели заедно со два освежени Enyaq модели ќе го зголемат бројот на електрични модели во понудата на вкупно 6.
Чешкиот производител во сопственост на VW Group објави дека во следните 4 години ќе инвестираат безмалку 6 милијарди евра во развојот на електрични автомобили.
Претставниците на Skoda во вторникот прикажаа скулптури со силуетите на овие модели. Ова значи дека има уште многу да се сработи до нивното лансирање.
Електричниот караван ќе биде лансиран во 2026 година, и ќе биде првиот електричен караван на брендот.
Но, претходно ќе следиме лансирања на останатите електрични модели. Првиот ќе се вика Elroq, тој ќе биде наследник на моделот Karoq.
Потоа, во 2025 ќе биде лансиран најмалиот од трите SUV модели со должина од 4,100мм.
Овој модел ќе има почетна цена од околу 25,000 евра и ќе има задача да го направи достапен светот на електричните автомобили за сите.
Една година подоцна ќе биде лансиран и најголемиот SUV, кој ќе биде долг безмалку 5 метри. Овој електричен SUV ќе биде своевидна замена за популарниот Kodiaq.