Slider

Вести

Škoda подготвува апликација со која преку звук ќе детектира проблем кај автомобилот

Slider

Софтверскиот тим на Škoda ја користи вештачката интелигенција за анализа на звуците кои се слушаат од автомобилот и нивна споредба со претходно вметнати звуци кои се вообичаени за автомобилот доколку тој нема одреден проблем

09/10/2020

Чешкиот производител Škoda промовираше сопствена апликација која го доби името „Škoda Sound Analyser“ и чие користење ќе им помогне на вработените во сервисните центри на брендот на повеќе континенти.

Софтверскиот тим на Škoda ја користи вештачката интелигенција за анализа на звуците кои се слушаат од автомобилот и нивна споредба со претходно вметнати звуци кои се вообичаени за автомобилот доколку тој нема одреден проблем.

Покрај звукот на моторот, во апликацијата се вклучени и звукот од клима-уредот, трансмисијата, управувачот и друго, а едноставното активирање на апликацијата-анализатор на звуци, прави експресна споредба меѓу потребното и реалното.

Не само што апликацијата детектира разлика, туку најчесто и испорачува сугестија до механичарите што треба да се провери или коригира, што сериозно ќе го намали периодот за дијагностицирање на проблемите на одреден автомобил, барем во сегментите кои се опфатени со апликацијата.

Од Škoda најавуваат дека во иднина апликацијата ќе биде надградена со повеќе од актуелните 10 звуци, а ќе биде достапна и во повеќе земји од актуелните 14, каде засега се тестира пред да биде официјално достапна до сите сервисни центри на брендот.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider