Slide

Вести

Skoda подготвува радикално репозиционирање, кое сепак, не вклучува конкурирање со Dacia

Slide

Најавените следни лансирања од страна на чешкиот бренд вклучуваат три нови електрични модели позиционирани под Enyaq iV.

04/04/2022

Новиот дизајнерски јазик, наречен Modern Solid, ќе биде откриен годинава.

Откривањето на новиот дизајнерски јазик на Skoda е дел од новото позиционирање на брендот. Репозиционирањето, според извршниот менаџмент, ќе биде најголемата стратегиска промена по придружувањето на чешкиот производител на VW Group, пред 20-тина години.

Мартин Јан, директорот за маркетинг и продажба на Skoda, откри дека брендот го редефинира своето позиционирање, како и целните групи на кои ќе се обраќа. Ваквите промени наметнуваат “сеоптфатни дизајнерски промени”.

“Нѝ престојат најдраматичните промени за Skoda, откако брендот стана дел од VW Group. Овие промени ќе го подготват брендот за дигиталната и електричната ера”, изјави Јан за време на годишната медиска конференција на 22. март.

Skoda во изминатите години прерасна во значително профитабилна единица за VW, нудејќи подостапни, поголеми и попрактични модели споредено со еквивалентните од VW, но успехот на Skoda придонесе и за ривалство од страна на останатите брендови во групацијата.

Во рамки на групацијата се водат разговори за тоа дали во моделите на Skoda треба да се вградуваат најсовремените технологии кои ги поседува VW Group.

Херберт Дис, извршниот директор на групацијата VW изјави дека се труди да постигне минимално преклопување помеѓу брендовите во рамките на групацијата. Но, од друга страна, преагресивното разграничување, може да ја однесе Skoda подолу во пазарното позиционирање, каде би се конкурирала со најевтините производители како што е на пример Dacia.

Сепак, според уверувањата од страна на директорот за продажба, Кристијан Далхајм, Skoda нема да биде репозиционирана за да се конкурира со Dacia.

“Skoda ќе продолжи да се конкурира со француските брендови и со Ford, целејќи кон клиенти кои сакаат функционалност од своето возило, но не можат да си дозволат поскапи брендови”, изјави Далхајм минатата година.

За време на годишната медиска конференција, Skoda објави заматена фотографија од возило кое потсетува на SUV модел. Од менаџментот најавуваат дека комплетниот дизајн ќе го откријат во втората половина на годината.

Доколку се следи Twitter акаунтот на Skoda може да се забележи дека нивниот план опфаќа “насочување на фокусот кон семејните потреби”.

Од Skoda не најавија кој ќе биде првиот модел кој ќе биде опфатен со новиот дизајнерски правец. Најавените следни лансирања од страна на чешкиот бренд вклучуваат три нови електрични модели позиционирани под Enyaq iV.

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди