Slider

Новитети

Škoda претстави Sportline изведба за електричниот Enyaq iV

Slider

16/02/2021

Škoda ја прошири понудата со нова Sportline изведба, овој пат кај електричниот Enyaq iV, чија продажба започнува оваа година.

Првиот модел на чешкиот производител поставен на MEB платформата е достапен со три варијации на погонот, а Sportline изведбата ќе го истакне поспортскиот изглед и подинамичнто возење кое ќе им биде достапно на купувачите.

Во однос на дизајнот, се истакнуваат деталите во црна боја на екстериерот, вклучувајќи го натписот со името на брендот на задниот дел, браниците, рамката на маската и прозорците. Дел од сериската опрема ќе бидат и LED matrix предните светла со по 24 диоди во модул и напредна опција за автоматско регулирање на снопот светлина на долгите светла без да им се пречи на возачите од спротивната насока.

Škoda Enyaq Sportline iV ќе доаѓа во комбинација со 20 или 21-инчни тркала, ревидирана поспортска суспензија и пониско поставена шасија, со што ќе добие подинамични возни карактеристики.

Црната боја доминира и во ентериерот, црните спортски седишта подразбираат и интегриран наслон за главата, а покрај карбон ефектот на дел од централната конзола, во комбинација се и волан обложен во кожа и алуминиумски педали.

Потенцијалот на Enyaq Sportline iV во однос на перформансите и автономијата ќе зависи од изборот од трите опции, при што првата доаѓа со електро-мотор со 132 kW и автономија од над 400 Nm, вториот е со комбинација 150 kW/520 километри, додека најмоќната изведба со 195 kW, располага со вртежен момент од 425 Nm и автономија од 500 километри.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider