Slider

Вести

Škoda продала речиси половина милион автомобили и работела профитабилно во првите шест месеци

Slider

Од јануари до јуни биле продадени 426.700 примероци од гамата на Škoda, што е пад за 31,3% во однос на истиот период минатата година, а тоа било доволно за оперативен профит од 228 милиони евра

31/07/2020

Тешката прва половина од годината за автомобилската индустрија се чувствува и на официјално објавените резултати на Škoda, но чешкиот производител сепак регистрираше профитабилно работење.

Од јануари до јуни биле продадени 426.700 примероци од гамата на Škoda, што е пад за 31,3% во однос на истиот период минатата година, а тоа било доволно за оперативен профит од 228 милиони евра.

Резултатот може да се смета за позитивен, откако фабриките во Чешка не работеа 39 денови поради опасноста од коронавирусот, а логистичките компликации влијаеја и на можностите да се испорачаат автомобилите на пазар како кинескиот.

Производството во истиот период е намалено за 32,5%, што е потврда дека Škoda не го продала она што не можела да го произведе од објективни причини.

Претставници на брендот велат дека во третиот квартал на годината веќе се постигнуваат резултати кои ја враќаат Škoda на старите патеки, а во последниот квартал се очекува најмалку израмнување на резултатот од лани.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider