Slide 1

Вести

Škoda произведе два милиона SUV примероци

Slide 1

02/03/2021

Škoda успеа да ја надмине границата од произведени 2 милиони примероци од своите SUV модели, а поголемата понуда на ваков тип автомобили најавува дека во иднина многу побрзо ќе стигне до двојно поголема бројка.

SUV историјатот на чешкиот бренд започна со пензионираниот Yeti, продолжи со триото Kodiaq-Karoq-Kamiq, a годинава е надополнето со електричниот Enyaq iV.

Јубилејниот примерок со кој е достигнат вториот милион бил Kamiq произведен во фабриката во Млада Болеслав, а интересно со него е надминат и бројот од 250.000 произведени примероци на најмалиот член на SUV понудата на Škoda.

Производството на SUV моделите се одвива во девет фабрики на повеќе континенти, а европската продукција е поврзана со фабриките во Млада Болеслав, Квасини и Братислава.

Во Кина, во понудата се вклучени Kamiq GT и Kodiaq GT како посебни изведби, а наскоро SUV портфолиото ќе биде збогатено со Kushaq, кој првично е наменет за купувачите во Индија.

SUV приказната започна од 2009 година, а во Škoda се убедени дека допрва ќе напредуваат во сите класи, бидејќи купувачите се почесто се одлучуваат за кросовер или SUV.

Во однос на вкупните бројки, Yeti засега е бестселер со 684.500 примероци, следува Kodiaq со 593.600, Karoq досега е испорачан кај 454.800 купувачи, а Kamiq стигнал до 266.000 возачи (заедно со Kamiq GT). На самиот почеток на производството на Enyaq iV, веќе се произведени 1.100 примероци.

Повеќе содржини за Škoda:

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla