Slide 1
Slide 1

Вести

Škoda со еден-два победа меѓу увозните модели на германскиот пазар

Slide 1
Slide 1

Логична последица на доминацијата на Škoda е и увозен бестселер, а тоа во случајот е Škoda Octavia. Минатата година, на германскиот пазар биле купени 51.688 примероци на најпродаваниот модел на чешкиот бренд

09/01/2020

Германскиот пазар како најголем во Европа има големо значење за производителите, пе не изненадува што истите посебно ги истакнуваат и потенцираат успесите и растот токму во оваа земја.

Пазарот на нови автомобили во Германија донесе пласман на 3,6 милиони примероци само во 2019 година, а независно од целосната анализа која ја подготвуваме за него, интересни се информациите за пласманот и ранкингот на увозните брендови и модели.

Најуспешен увозен бренд во 2019 година повторно беше Škoda, брендот кој е дел од германската групација Volkswagen AG, но си го задржа статусот на чешки производител, а очигледно се почесто успева да ги освои германските купувачи.

Во 2019 година, Škoda продала 208.171 автомобили, што значи раст за цели 5 проценти и пазарен удел од дури 5,8 проценти во Германија. Следува Seat со 138.670 продадени примероци и уште поголем раст, а шестцифрени бројки обезбедија уште само Renault (131.138) и Hyundai (129,508).

Логична последица на доминацијата на Škoda е и увозен бестселер, а тоа во случајот е Škoda Octavia. Минатата година, на германскиот пазар биле купени 55.200 примероци на најпродаваниот модел на чешкиот бренд. Зад Octavia е Fabia за еден-два победа на Škoda (42.099), а првата тројка ја заокружува Seat Leon со 39.637 продадени автомобили.

Прв член на Топ 10 ранкингот кој не е дел од VW групацијата е Fiat 500 со продадени 37.503 примероци, а на петтото место следува Dacia Duster со пласирани 30.698 единици во текот на 2019 година, а Škoda ги има и Karoq и Kodiaq во првата десетка.

Процентуално, најголем раст очекувано има Tesla, но со симболичен пазарен удел, додека од останатите брендови најмногу напредуваше Volvo кој стигна до 53.357 продадени примероци со раст од над 20 проценти. Најмногу загуби Nissan кој назадуваше до 39.500 продадени автомобили или пазарен удел од 1,1%.

Најпродавани увозни модели во 2019 година во Германија

1 Škoda Оctavia 51.688
2 Škoda Fabia 42.099
3 Seat Leon 39.637
4 Fiat 500 37.503
5 Dacia Duster 30.698
6 Škoda Karoq 30.660
7 Renault Captur 28.143
8 Seat Ateca 27.510
9 Hyundai i30 27.486
10 Škoda Kodiaq 26.152

Продажба на увозни брендови во Германија во 2019 година

1 Škoda 208.171
2 Seat 138.670
3 Renault 131.138
4 Hyundai 129.508
5 Fiat 89.005
6 Toyota 84.498
7 Dacia 80.035
8 Peugeot 72.709
9 Mazda 71.630
10 Kia 69.608
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Land Rover ќе го задржи успешниот дизајн и во 5-тата генерација на Range Rover
Volvo е партнер на овогодинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки”
Новиот Оpel Movano има 20% пониски трошоци за одржување и софтвер за оптимизирање на рути
Промотивна акција на Еуроимпекс: 15% попуст на оригнални Opel делови од системот за сопирање