Новитети
Следната генерација на C-HR, која треба да биде лансирана догодина, ќе добие своја плаг-ин хибридна изведба
Моделот ќе продолжи да се произведува во фабриката на Toyota во Турција. Со тоа, C-HR ќе стане првиот плаг-ин хибриден модел на Toyota произведен во Европа.
Со додавање на плаг-ин хибридна изведба на компактниот кросовер, Toyota ќе има три такви модели во своето портфолио, покрај тековните генерации на RAV4 и Prius.
Следната генерација на компактниот кросовер Toyota C-HR која ја очекуваме да пристигне во 2023 година, покрај конвенционалниот хибриден систем, ќе има и плаг-ин хибридна изведба.
Минатата седмица Toyota го објави C-HR Prologue концептот, кој е најава за продукцискиот модел. Концептот го задржува изгледот на купе со четири врати, својствен и за првата генерација која беше лансирана во 2016 година.
Моделот ќе продолжи да се произведува во фабриката на Toyota во Турција. Со тоа, C-HR ќе стане првиот плаг-ин хибриден модел на Toyota произведен во Европа.
Производителот потврди дека планира во Европа да започне и со производство на батериски модули.
За жал, не беа споделени дополнителни информации за продукцискиот модел, иако многу е веројатно тој да ја користи петтата генерација од хибридниот систем на Toyota, кој веќе се користи кај Corolla Cross и кај новиот Prius.
Доколку C-HR го добие истиот плаг-ин хибриден систем кој се вградува во Prius, тоа би значело дека моделот ќе има вкупна системска сила од 223 hp, како резултат на силата од електричниот мотор и 2.0-литарскиот бензински мотор.
Тековната генерација на C-HR беше прв модел со кој јапонскиот производител се обиде да имплементира модерен стил, со кој ќе се обиде да ги добие симпатиите на помладите купувачи. Според успехот на моделот, очигледно дека успеале во намерата.
Toyota годинава продаде 82,625 примероци од C-HR до крајот на септември, што е 3.6% помалку споредено со претходната година. Со овие продажни резултати, кросоверот се наоѓа на четвртата позиција во рамките на портфолиото на Toyota во европскиот регион.
C-HR за првата половина на годинава се најде на 5-тото место според продажбата во компактниот SUV сегмент, зад Hyundai Tucson, Kia Sportage, Peugeot 3008 и Ford Kuga.
C-HR Prologue концептот е многу послична верзија до продукцискиот модел споредено со првите фотографии кои Toyota ги објави минатиот декември.
Со оглед на тоа дека тековната генерација на C-HR во Кина се продава како електрична изведба, може да очекуваме дека барем новата генерација би можела да се нуди и со електричен погон и во Европа.