Slide

Вести

Следната генерација на Peugeot 208 и 2008 ќе биде составена само од електрични изведби

Slide

18/01/2021

Peugeot во своите продажни салони има свежи генерации на своите важни модели 208 и 2008, а новитет кај нив беше понудената електрична изведба која постигна одлични резултати во 2020 година.

Првиот човек на францускиот бренд, Жан-Филип Импарато, во својата изјава за британски „Ауто Експрес“ најави дека следните генерации на овие два модела нема да вклучуваат изведби со мотор со внатрешно согорување.

Бензинската изведба во моментов е се уште најбарана, Peugeot има и дизел опција за 208 и 2008, но првата електрична варијација е најава за она што може да се очекува во иднина.

– Новите генерации на нашите модели во Б и Б-СУВ сегментот ќе бидат само електрични. Глобалниот тренд на зголемување на продажбата на електрични автомобили расте од месец за месец.

– Изминатите десетина недели кај нашите нарачки за 208 и 2008, дури 14 проценти од примероците се на електричен погон. Додека кај 3008, дури 27 проценти од нарачаните автомобили се со плаг-ин хибрид погон.

– Во 2020 година, секој десетти продаден автомобил на Peugeot бил со електрифициран погон, – изјавил Импарато.

Повеќе содржини за Peugeot:

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба