Slide
Slide

Новитети

Со дозвола од Citroën,  BMW ќе ја користи ознаката XM за својот нов SUV

Slide
Slide

Како дел од истиот договор, Citroën може да ја користи буквата "X" во некои од нивните модели, на пример, моделот C5 X.

30/11/2021

BMW ја зголемува гамата на своите SUV модели преку првиот самостоен модел кој ќе ја носи “M” значката, по лансирањето на M1 пред цели пет декади.

Според претставниците на германскиот производител, концептот BMW Concept XM, кој беше откриен на медиски настан во Лос Анџелес, е најава за најсилниот модел во “M” гамата. 

Интересно е што знакот XM е истиот знак кој го носеше легендарниот модел на Citroën, а кој се произведуваше од 1989 до 2000 година.

Имено, пред да го објави концептот за XM моделот, менаџментот на BMW навреме се договорил со претставниците на Stellantis групацијата, во чии рамки е и брендот Citroën, за користење на знакот XM.

Како дел од истиот договор, Citroën може да ја користи буквата “X” во некои од нивните модели, на пример, моделот C5 X.

Така, сериското производство на XM, ослободено од правни пречки, ќе започне следната година во фабриката на BMW во Јужна Каролина.

Франциско ван Мел, извршен директор на M дивизијата во BMW, го опиша XM моделот како “врв на експресивниот луксуз”.

Тој дополни дека профилот на клиентот на новиот модел вклучува особини како “екстровертност” и “неконформизам”.

“Ние со новиот модел ќе се обраќаме на целни групи на кои досега не сме се обраќале со нашите BMW и M модели” – додаде тој.

Новиот модел ќе се продава низ целиот свет, но се очекува САД да биде најголемиот пазар.

Како во случајот со AMG кај ривалот Mercedes-Benz, така и подбрендот на BMW одржува високо ниво на престиж на брендот на пазарот, па лансирањето на самостоен модел ќе ја одржи таа ексклузивност.

Овој модел би требало да им даде ветер во грб и на останатите M модели, бидејќи купувачите ги диверенцираат како различни модели, а не само како различни нивоа на опременост на стандардните BMW модели.

V8 хибрид

XM ќе биде достапен само како плаг-ин хибрид, а ќе го користи новоразвиениот “M Hybrid drive” систем на BMW. Хибридниот систем ќе комбинира V8 мотор заедно со моќен електричен мотор со сила од 750 hp. Моделот ќе има електрична автономија од околу 48 километри.

Со оглед на тоа што Co2 нормите стануваат сè построги, моќните модели како XM ќе мора да имаат некаква форма на хибриден погон за да останат во рангот на “чистите модели”. 

Додавањето на плаг-ин хибриден погон им овозможува на возачите да возат без испуштање на издувни госови, а притоа да не ги зголемуваат и така високите Co2 нивоа на гамата на брендот. 

Комбинацијата на V8 мотор со електричен погон овозможува и високи перформанси кои се неопходни за ваков модел.

Со оваа комбинација електричниот мотор овозможува максимален вртежен момент уште од старт, а тој ќе се надополнува со V8 моторот, кој е навистина респонсивен” – изјави Ван Мел. “Toa e идеална комбинација бидејќи ви овозможува високи перформанси во сите околности” 

Прагматична одлука

Одлуката на BMW да го лансира XM како плаг-ин хибрид, наместо како комплетно електричен модел е донесена од прагматични причини.

Според Ван Мел, неадекватната мрежа на брзи полначи на многу пазари сè уште негативно влијае на зголемувањето на пазарниот удел на електричните автомобили. Тој додава дека истражувањата и повратните информации кои BMW ги добива од своите клиенти, јасно укажуваат на тоа дека компанијата не треба да ја претвори својата гама во комплетно електрична, токму заради несоодветната инфраструктура.

Затоа, и покрај тоа што целата индустрија се труди да ги напушти моторите со внатрешно согорување, спортскиот “M” подбренд на BMW планира да ги задржи овие мотори барем уште некое време. 

“Сѐ уште имаме голема побарувачка за V8 моторите” – додава Ван Мел. “Не сакаме одеднаш да ги исклучиме од портфолиото”

Нов дизајн

Дизајнот на купеовскиот изглед на Concept XM, кој ќе биде над 90% идентичен како и продукциската верзија, најавува нов преден дел – чија верзија за првпат ќе биде продукциски претставена во 2022 како дел од моделската офанзива на BMW.

Предните светла се поделени во два модула, а дневните светла се лоцирани во тенкиот горен модул. Средните и долгите светла ќе бидат лоцирани во долниот модул, поставени зад затемнето стакло.

Големата решетка се наоѓа помеѓу светлата, се стеснува на краевите при што продуцира безмалку осмоаголна силуета. Двојните лајсни во рамките на решетката додаваат перцепција за ширина.

Новото XM лого на решетката и големите воздушни отвори се визуелен потсетник на V8 моторот под поклопецот.

Одзади XM делува ниско и спортски. Тенките задни светла во “L” форма се протегаат по целата ширина на задниот дел. Светлата се комплетно црни кога не се вклучени, а при вклучување откриваат сноп на црвена светлина.

Во задната маска доминираат лајсните карактеристични за “M” моделите, кои овојпат се поставени вертикално.

“Тоа ни овозможи пошироко да го поставиме задниот дифузер со што ја подобривме аеродинамиката” – изјави Франциско ван Мел.

Луксузен ентериер

BMW планира да го унапреди луксузниот ентериер специјално за XM.

“Од податоците од нашите клиенти дознаваме дека тие навистина ги сакаат модели.” – додава Ван Мел. “Но, во иднина тие очекуваат повеќе луксуз во нивните возила”. 

Дизајнерите на BMW ги послушале барањата од своите клиенти. Па така, Concept XM вклучува “Lounge-like” седишта на задната клупа и црни, затемнети задни прозорци.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1