Slide

Вести

Софтверот на Apple од следната година ќе прикажува параметри и на инструмент таблата во автомобилите

Slide

Според Apple, дел од производителите, помеѓу кои беше спомнат Ford, планираат да го користат новиот софвер за своите модели уште следната година.

07/06/2022

Технолошкиот гигант, компанијата Apple, вчера во рамките на WWDC конференцијата меѓудругото ги претстави новитетите и во однос на нивната CarPlay платформа.

Според Apple, компанијата планира многу подлабока интеграција на нивниот софтвер во инструмент таблата на автомобилите кои ќе започнат да се испорачуваат во 2023 година.

Новиот софтвер за првпат ќе биде аплициран и во дигиталната инструмент табла на возилата, прикажувајќи ја брзината, процентот на наполнетост на резервоарот за гориво и слично. 

Според Apple, дел од производителите, помеѓу кои беше спомнат Ford, планираат да го користат новиот софвер за своите модели уште следната година.

Освен унапредувањата на системот CarPlay, интересна новина е тоа што отсега корисниците ќе можат да купуваат работи преку нивниот телефон а за нив да плаќаат на 4 рати без никаква камата.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Volvo наскоро ќе започне произведува каросерии од само неколку големи алуминиумски парчиња
Новата платформа за електрични автомобили на BMW во 2025 ќе ги замени актуелните CLAR и UKL платформи
Volvo во 2026 ќе отвори нова фабрика за производство на електрични автомобили во Словачка
Jaguar го зголеми гарантниот период на 5 години или 150,000 изминати километри