Slide

Вести

Sony oд 2025 ќе започне со испораки на првиот електричен модел

Slide

Според најавите, првиот пазар каде што ќе се комерцијализира овој модел е САД, по што понудата ќе се прошири и во Јапонија во втората половина на 2026.

14/10/2022

Sony, гигантот од електронската индустрија и автомобилскиот производител Honda заеднички развиваат електрични автомобили. Првиот производ од ваквата соработка се очекува да биде лансиран во САД кон крајот на 2025 година.

Двете компании формираа стратегиска алијанса со цел заедничка соработка во однос на електричната мобилност. 

И двете компании планираат да произведуваат и продаваат електрични автомобили преку засебен правен ентитет, заедничко вложување именувано како Sony Honda Mobility – SHM. 

Заедничкото вложување треба да започне официјално со работа до крајот на годинава, откако ќе ги добие потребните одобрувања од регулаторните тела. Можно е оваа компанија засебно да котира и на берзата.

Целта на соработката е да се искористи експертизата на Honda во однос на развој и производство на возила, во комбинација со искуството на Sony во развој на сензори, телекомуникациска и мрежна опрема.

Стартот на производството на првиот заеднички развиен модел е закажан за првата половина од 2025 година. Продажбата би требало да започне во втората половина на истата година. Според најавите, првиот пазар каде што ќе се комерцијализира овој модел е САД, по што понудата ќе се прошири и во Јапонија во втората половина на 2026.

Honda планира да ги произведува електричните автомобили во фабрики во Северна Америка.

Инаку, на почетокот на годинава, на саемот за технологија во Лас Вегас, Sony веќе го претстави и концептот за својот втор електричен модел. Тогаш беше најавена соработка со добавувачите Magna, Benteler, Bosch и ZF.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск