Вести
Специјален собир како прослава на 50. роденден на легендарната Opel Manta
Изминатиов викенд, 38 сопственици на Opel Manta A пристигнале на собирот и заедно со два примерока од колекцијата на Opel, уште еднаш ја потврдија привлечноста на автомобилот и тоа на локацијата каде истиот првпат бил претставен пред новинарите во 1970 година
Точно 40 примероци на легендарната Opel Manta биле дел од организираниот собир на германскиот брег на Балтичкото Море, со кој е одбележан 50. роденден на овој автомобил.
Manta дебитираше во 1970 година, а преку дизајнот, возните карактеристики и другите квалитети си избори важно место во историјата на брендот од Риселсхајм.
Дури и новата дизајнерска насока на Opel, наречена „Opel Vizor“, а претставена првпат кај новата генерација на Mokka, влече инспирација на предниот дел токму од Manta.

Специјален гостин на настанот бил дизајнерот Џорџ Галион, кој во тоа време бил одреден од General Motors да биде задолжен за дизајнот на Manta, a вели дека моделот го добил името од една фотографија на Жак Кусто
Изминатиов викенд, 38 сопственици на Opel Manta A пристигнале на собирот и заедно со два примерока од колекцијата на Opel, уште еднаш ја потврдија привлечноста на автомобилот и тоа на локацијата каде истиот првпат бил претставен пред новинарите во 1970 година.
Специјален гостин на настанот бил дизајнерот Џорџ Галион, кој во тоа време бил одреден од General Motors да биде задолжен за дизајнот на Manta, a вели дека моделот го добил името од една фотографија на Жак Кусто.
Купето на Opel уште во 1971 година било продадено во 56.200 примероци, додека вкупно 498.553 примероци излегле од фабриките на германскиот бренд.
Првата генерација на Manta се произведуваше до 1975 година, по првичната верзија со 1.2-литарски мотор и 60 коњски сили, најмоќната била со 1.9-литарски агрегат и 105 коњски сили. Моделот Manta подоцна доби втора генерација и се произведуваше до 1988 година.