Slide

Вести

Специјална лимитирана едиција од 1982 примероци на Corsa, по повод 40-тиот роденден на моделот

Slide

20/06/2022

Opel подготви специјална едиција по повод 40-тиот роденден на својот бестселер – моделот Corsa. Ќе бидат произведени само 1982 вакви приемроци – бројка која е идентична со годината кога моделот за првпат излезе од производните ленти.

Пред четириесет години, моделот Corsa беше своевиден одговор на производителот од Раселсхајм на конкурентските VW Polo и Ford Fiesta.

Првата генерација на Corsa, имаше прилично коцкаста форма, во стилот на моделите од тоа време, но уште по самото лансирање започна да забележува одлични продажни резултати.

Во годините кои претстоеја, возилото од “B” сегментот прерасна во омилен модел на купувачите поради нејзината практична природа. 

Дури со Corsa D и OPC изведбата во 2007 година, Corsa започна да покажува спортски перформанси. 

Сега, четири децении по лансирањето на првата генерација, Opel припаѓа на групацијата Stellantis, a Corsa стигна до буквата F, моделот има нагласен спортски дизајн. Споредено со првата Corsa, тековната генерација е дури 44цм подолга, а има и електрична изведба, како илустрација на новата ера во која живееме. 

Opel произведе и продаде над 14 милиони примероци од моделот, што е уште една причина за одбележување. 

Специјалната серија, како што е ред, ќе има и своја специјална “Rekord Red” боја на каросеријата, а впечатокот ќе го надополнат кровот и неколку детали во контрастна црна боја.

И бандажите и ретровизорите ќе имаат сјајно црна боја.

И по примерот на дел од конкурентите кои за специјалните серии ги наведуваат и редните броеви на моделот во рамките на серијата, сериските броеви од 0001 до 1982 во случајот на Corsa, ќе бидат прикажени на специјална плочка пред седиштето на совозачот. 

Уште едно внимание посветено на ретро времињата – седиштата ќе имаат специјален штоф инспириран од осумдесетите години на минатиот век.

Opel сѐ уште не ги објавил цените за специјалниот модел, ниту пак, датата кога ќе може да се започне со нарачки.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Volvo наскоро ќе започне произведува каросерии од само неколку големи алуминиумски парчиња
Новата платформа за електрични автомобили на BMW во 2025 ќе ги замени актуелните CLAR и UKL платформи
Volvo во 2026 ќе отвори нова фабрика за производство на електрични автомобили во Словачка
Jaguar го зголеми гарантниот период на 5 години или 150,000 изминати километри