Slider

Вести

Специјална онлајн понуда од „Аутомобиле СК“: Избери, спореди, вози и плати ја првата рата по 6 месеци

Slider

Купувачите имаат можност да изберат меѓу голем број понудени модели и нивни изведби со конкретни цени, па дури и да ги споредат меѓу себе со техничките карактеристики, опременоста и нивната продажна цена

13/05/2020

Македонската компанија „Аутомобиле СК“ подготви специјална интернет страница за актуелните понуди и промотивни кампањи за возила од лагер од брендовите Fiat, Jeep, Alfa Romeo, Abarth и Fiat Professional, а понудените изведби на carstore.automobilesk.mk се достапни со одложено плаќање.

Купувачите имаат можност да изберат меѓу голем број понудени модели и нивни изведби со конкретни цени, па дури и да ги споредат меѓу себе со техничките карактеристики, опременоста и нивната продажна цена, по што им останува да искомуницираат со продажната мрежа на овластениот импортер низ нашата држава.

Ваквиот начин на интернет комуникација воведен од страна на „Аутомобиле СК“ го олеснува купувањето и им ги прави достапни најважните и најсуштинските информации на купувачите, без да мора да го посетат продажниот салон.

По изборот на посакуваниот примерок од возилата на лагер, купувачот може да очекува брза испорака, а евентуалните дополнителни прашања ќе бидат одговорени од претставник на продажниот сектор на компанијата.

Она што посебно ја олеснува одлуката да се инвестира во овој период е одложеното плаќање на првата рата за шест месеци, што значи дека за подигнување на возилото е потребна уплата само на 20 проценти (учество за финансиски лизинг за патнички возила), односно 10 проценти од цената (учество за финансиски лизинг за комерцијални возила)  додека отплатата на ратите започнува по половина година, а за тоа не се плаќа дополнителна камата.

Сите информации и актуелната понуда може да ја пронајдете на овој ЛИНК

Повеќе содржини за Alfa Romeo

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider