Skip to content

Новитети

Специјална серија: Citroën го најави кросоверот C3 Aircross C-Series

Специјалната изведба на C3 Aircross доаѓа со интересен избор на бои и уредување на ентериерот, а ќе биде препознатлива по специфичните елементи во црвена боја на екстериерот и во ентериерот и беџот „C-Series“ кој ќе биде поставен на неколку позиции

03/12/2019

Одличните резултати на C3 Aicross се факт и овој член на B-SUV сегментот успеа да се наметне кај европските купувачи како еден од најатрактивните кросовери кои имаат уникатен имиџ и посакувани квалитети.

Зад себе Citroën C3 Aircross веќе има над 250.000 продадени примероци, а успешната приказна ќе биде надополнета со специјална изведба со ознаката C-Series, која нешто подоцна ќе ја добијат и останатите модели на францускиот бренд.

Буквата C не е само прва во името на компанијата формирана од Андре Ситроен, туку ги потенцира и термините комфор и карактер кои се поврзани со основните квалитети на гамата на Citroën.

Специјалната изведба на C3 Aircross доаѓа со интересен избор на бои и уредување на ентериерот, а ќе биде препознатлива по специфичните елементи во црвена боја на екстериерот и во ентериерот и беџот „C-Series“ кој ќе биде поставен на неколку позиции.

C3 Aircross C-Series ќе биде базирана на богатото Feel ниво на опременост, а во својата понуда ќе вклучува и автоматски клима-уред, автоматски брисачи, сензори за паркирање, Mirror Screen поврзан со Android Auto и Apple CarPlay, како и 16-инчни Matrix алуминиумски тркала.

Специјалната изведба ќе може да се добие со бензинскиот мотор со 110 коњски сили, како и BlueHDi дизел изведбите со 100 и 120 коњски сили.

Во меѓувреме, C3 Aircross со својата продажна бројка од 2017 наваму е втор најпродаван модел на францускиот бренд, а според производителот, 25 проценти од купувачите се решаваат за двобојна каросерија која го прави автомобилот уште поатрактивен.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend