Slide 1
Slide 1

Вести

„Специјална“ соработка: Мурињо стана амбасадор на Audi

Slide 1
Slide 1

Португалскиот тренер стана нов амбасадор на Audi, а официјалниот чин на претставувањето на соработката се случил во тренинг центарот на Тотенхем, каде Мурињо го добил својот примерок на Audi Q8

09/06/2020

Германски Audi го претстави своето последно соопштение како „специјално“, а инспирацијата секако е пронајдена во Жозе Мурињо, кој е познат како „Специјалниот“ во светот на фудбалот.

Португалскиот тренер стана нов амбасадор на Audi, а официјалниот чин на претставувањето на соработката се случил во тренинг центарот на Тотенхем, каде Мурињо го добил својот примерок на Audi Q8.

Атрактивниот SUV купе модел ќе биде можност за секојдневно дружење на „специјалниот“ со квалитетите на Audi, a потегот повлечен од британското претставништво сигурно ќе влијае на имиџот на брендот на домашен терен, но и глобално.

– Голема привилегија е да се стане амбасадор на Audi, се работи за луксузен бренд кој е прочуен во светски рамки по своето реноме во однос на безбедноста, квалитетот и технологијата. Audi UK истовремено е и одличен партнер на мојот клуб, а очекувам и одлична лична соработка во иднина, – изјавил Мурињо.

Од Audi исто така не штедеа комплименти за Португалецот, потенцирајќи ги трофеите кои ги има освоено во неколку европски земји и кои има амбиции да ги освојува и со Тотенхем.

Повеќе содржини за Audi

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Land Rover ќе го задржи успешниот дизајн и во 5-тата генерација на Range Rover
Volvo е партнер на овогодинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки”
Новиот Оpel Movano има 20% пониски трошоци за одржување и софтвер за оптимизирање на рути
Промотивна акција на Еуроимпекс: 15% попуст на оригнални Opel делови од системот за сопирање