Slide

Вести

Специјалнa верзија на Fiat 500X го тестира третото ниво на автономно возење на автопатите во Италија

Slide

Car-to-X технологијата овозможува податоците кои ги регистрираат сензорите и камерите на возилата во реално време да се испраќаат до возилата во нивна близина.

17/09/2021

Истражувачкиот центар на групацијата Stellantis учествува во проектот чија цел е достигнување на петтото ниво на автономија – кое означува фаза во која возилата ќе може самостојно да управуваат без присуство на возач во автомобилот. Овој проект, кој е имплементиран во соработка со Министерството за инфраструктура и транспорт на Италија, е дел од поголем проект финансиран од страна на Европската Унија.

Неодамна се одржа прес конференција во конгресниот центар во Тренто на која се презентираа досегашните постигнати резултати во рамки на проектот.

На настанот беа презентирани успесите во имплементирање на европскиот стандард Car-to-X, кој овозможува разменување на податоци помеѓу возилата во сообраќајот. Овој стандард, кој овозможува камерите и сензорите на едно возило да испраќаат податоци до друго возило во близина, од пред две години започна да се имплементира кај дел од продукциските модели кои веќе се движат низ улиците на европските градови.

Тековните тестирања се однесуваат на подобрување на комуникацијата помеѓу различни институции кои управуваат со патиштата, подобрување на безбедноста, менаџирање на сообраќајот на патници и транспортот на производи.

Тестовите продолжуваат да се спроведуваат во континуитет во потегот помеѓу Тренто, обиколницата околу Венеција, како и пределот Бренер, во кој се вклучени симулации на минување на границата помеѓу Италија и Австрија со користење на специјално адаптирани изведби на Fiat 500X и Maserati Ghibli.

Овие тестови се во рамки на третото ниво на автономија (Level 3 – SAE). Тоа ниво подразбира дека возилото автоматски може да ја адаптира брзината, да ја одржува траекторијата и да менува сообраќајни ленти според условите на патот.

Car-to-X технологијата овозможува податоците кои ги регистрираат сензорите и камерите на возилата во реално време да се испраќаат до возилата во нивна близина. Така, доколку едно возило забележи дека на патот има сообраќајна незгода или сообраќаен метеж, лоши временски услови или наплатна рампа, ги известува возилата зад него.

Комуникацијата се базира на “Wi-Fi p” стандардот (ITS-G5 во Европа) кој овозможува комуникација на возила кои се наоѓаат на растојание од 800 метри, без употреба на мобилна мрежа. Ова овозможува лесно имплементирање на технологијата низ сите европски земји.

Fiat, преку тогашната FCA групација, уште во 2016 година склучи партнерство со Waymo, компанија во сопственост на Google, која има дозвола за тестирање на возила со четврто ниво на автономија. Минатата година партнерството беше надградено, со план за вклучување на лесни комерцијални возила на групацијата во тестирањата од страна на Waymo.

Наскоро се очекува Car2X стандардот да стане дел и од потребните параметри кои возилата треба да ги имаат за добијат 5 ѕвезди на EuroNCAP тестирањата.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба