Slide

Стории

Според директор во Mercedes, производството на електрични автомобили ќе стане поевтино дури за 10 години

Slide

Минатата година, Mercedes отвори погон во кој вработените ги составуваат батериските модули во комплетни батериски компоненти. . (Производство на Mercedes EQS SUV во фабриката во Тусалуса, Алабама.)

07/04/2023

Аналитичарите на автомобилската индустрија веќе подолго време предупредуваат дека транзицијата кон производство на електрични автомобили ќе предизвика губење на илјадници работни места во автомобилските фабрики.

Логиката зад ова тврдење е дека електричните автомобили се составени од помал број на делови, а истовремено, за нивно производство се потребни помал број на работници и време.

Но, во овие рани периоди на електрификацијата, ова не е случај, барем во фабриката на Mercedes-Benz во Алабама. Во оваа фабрика се произведуваат најголемиот дел од електричните модели EQS и EQE.

“Ние во минатото честопати слушавме дискусии во однос на тоа дека електричната трансформација ќе доведе до губење на илјадници работни места”, изјави Михаел Гебел, извршен директор на Mercedes-Benz за САД, дивизија на компанијата која раководи со споменатата фабрика во која работат 6,300 работници.

“Барем во овој момент ние не можеме да забележиме таков тренд”, додаде тој за време на настан со медиумите. “Фактички и не постои голема разлика во потребното време за производство на еден електричен во споредба со конвенционален автомобил”.

Според него, производството на електрични автомобили не претставува радикална промена споредено со производство на автомобил со мотор со внатрешно согорување.

“Основите на процесите кои вклучуваат заштрафување, сечење и лепење се идентични”, изјави Гебел.

Најголема разлика е производството на клучната компонента која го движи возилото – батериското пакување.

Сепак, “Сите работници мораше да поминат низ обука за безбедноста бидејќи сега се соочуваме со високоволтажен систем. Ние поминуваме долги часови во обука на персоналот за да биде кристално јасно кои делови од автомобилот се опасни во моментот додека тој се наоѓа во процесот на производство”.

Минатата година, Mercedes отвори погон во кој вработените ги составуваат батериските модули во комплетни батериски компоненти. 

Со оглед на растечката цена на материјалите како литиум и кобалт, автомобилските производители се обидуваат од раководителите на фабриките да издејствуваат заштеда во трошоците со што електричните возила би биле малку подостапни за пошироката популација.

“Ние мора да станеме уште поефикасни во производството; убеден сум дека за 10 години од сега производството на овие автомобили ќе биде поевтино и многу побрзо”.

Mercedes-Benz полека се трансформира во производител на електрични автомобили на оние пазари кои се подготвени за промената. Премиум производителот очекува дури половина од продажбите во САД да се однесуваат на електрични возила до 2030 година.

За да ја оствари оваа амбициозна цел, Mercedes инвестираше 1 милијарда евра во фабриката во Алабама. Оваа фабрика е една од седумте на производителот во кои се произведуваат електрични автомобили. Годинава во оваа фабрика се очекува да се произведат 100,000 електрични автомобили, што е само третина од нејзиниот годишен капацитет.

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година