Slide

Вести

Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина

Slide

Земјите на ЕУ се согласија да не ги променат актуелните услови за тестирање и горни лимити за издувните гасови за автомобилите и вановите, но оние за автобусите и тешките товарни возила ќе бидат поумерени.

26/09/2023

Министрите во Европската Унија се согласија со умерениот предлог на Европската Комисија во однос на Еуро 7 нормата за издувните гасови на возилата.

Ова се случи по притисокот и уверувањата од страна на автомобилските импортерии и дел од поголемите земји во ЕУ, дека строгите норми ќе доведат до пренасочување на инвестициите од електричните возила кон оние со мотори со внатрешно согорување.

Земјите на ЕУ се согласија да не ги променат актуелните услови за тестирање и горни лимити за издувните гасови за автомобилите и вановите, но оние за автобусите и тешките товарни возила ќе бидат поумерени.

Сменети ќе бидат и ограничувањата за штетните честички кои произлегуваат од сопирачките и пневматиците.

Италија, Франција, Чешката Република и 5 други членки лобираа за поумерена регулатива, со објаснување дека доколку се задржат строгите норми за нитратни оксиди, тоа ќе ги натера автомобилските производители да пренасочат дел од инвестициите предвидени за електрични возила, назад кон возилата со мотори со внатрешно согорување.

Европските автомобилски производители се со унисонен став дека имплементацијата на Еуро 7 нормата, која треба да започне да се применува од 2025 година, ќе биде премногу скапо за нив, а еколошките придобивки ќе бидат занемарливи.

Лука де Мео, извршниот директор на Renault изјави дека Еуро 7 ќе ја пренасочки автоиндустријата, наместо да оди напред кон комплетна електрификација, назад кон инвестиции во подобрување на моторите кои немаат иднина.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба