Slide

Стории

Според Мercedes, четвртото ниво на автономија во возењето може да се достигне до крајот на декедава

Slide

Актуелниот Drive Pilot систем на Mercedes е одобрен за употреба во ЕУ од страна на германското регулаторно тело, додека во САД има дозвола за употреба од сојузната држава Невада. (Ола Калениус, извршниот директор на Mercedes за време на настан во Калифорнија.)

02/03/2023

Германскиот премиум производител, годинава стана првиот автомобилски производител кој доби дозвола од одредени држави за парцијална употреба на третото ниво на автономија во своите возила. 

Ова подразбира дека во одредени услови, како што е возење на автопат на брзини до 60 km/h, возачот може да ги тргне рацете и погледот од патот.

Но, производителот веќе стреми кон уште понапредното, 4-то ниво на автономно управување, кое подразбира самостојно управување на возилото, без асистенција од возачот во најголем дел од случаите.

Актуелниот Drive Pilot систем на Mercedes е одобрен за употреба во ЕУ од страна на германското регулаторно тело, додека во САД има дозвола за употреба од сојузната држава Невада.

Системот користи комбинации од радар, LiDAR и други сензори преку кои е овозможено софтверот да управува со возилото на автопат на брзини до 60 километри на час, при што возачот е ослободен од обврската постојано да внимава на патот, па може да чита книга, да одговара на пораки на својот телефон и слично.

Третото ниво на автономија по дефиниција значи дека возачот треба да ја преземе контролата над возилото штом системот за автомастско управување го побара тоа од него.

Минатата година Mercedes ја воведе функционалноста Drive Pilot како дополнителна опрема во најновата генерација на S-Class, по цена од 5,000 Евра.

Drive Pilot функционалноста може да се користи на автопатите во Германија чија вкупна должина изнесува 13,000 километри, на брзини до 60 km/h. Ова во пракса значи дека функционалноста може да биде особено корисна во ситуации на густ сообраќај.

Маркус Шефер, директорот за технологија во Mercedes, неодамна најави дека 4-тото ниво на технологија може реално да се достигне до крајот на декадата.

“Апсолутно, особено во однос на патничките автомобили”, потврди тој за време на медиски настан минатата седмица во Калифорнија.

Шефер смета дека ќе постои голем интерес за технологијата, која овозможува управување на возилото без асистенција од возчот, особено во Кина, каде сообраќајните метежи траат и по неколку часови во денот.

“Замислете си дека се наоѓате во голем град, си доаѓате дома од вашето работно место и приморани сте да поминете два часа заглавени во сообраќаен метеж, стискате на копче и легнувате да спиете во вашиот автомобил” вели тој. “Бидете сигурни дека голем број на возачи би платиле за ваква функционалност”.

Ваквите системи може да ја преземат контролата над возилото во одредени географски подрачја и под одредени временски услови, за разлика со 5-тото и ултимативно ниво, кое подразбира дека софтверот ќе управува со возилото во било кои околности.

Компанијата Waymo во сопственост на Google и компанијата Cruz (во сопственост на GM)e, веќе спроведуваат таканаречени “Роботакси” проекти во одредени области во САД, додека BMW и Volvo најавија дека во најновите модели однапред ќе инсталираат хардвер кој ќе биде подготвен за автономно управување, штом софтверските тимови бидат спремни да испорачаат решение и штом регулативата го дозволи тоа.

Mercedes веќе работи на тоа да овозможи 4-тото ниво на технологија да започне да се имплементира. Имено, во Германија во 2021 година беше усвоен закон кој овозможува 4-тото ниво на автономно управување да се спроведува во одредени ситуации.

Интересно е што минатата година Mercedes во соработка со добавувачот Bosch, доби дозвола во Германија за комплетно авоматизиран систем за паркирање кој би се користел во гаражата на аеродромот во Штутгарт. Овој систем овозможува автомобилите сами да се паркираат на резервирани паркинг места.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа