Slide

Стории

Stellantis бара од Импарато да направи вистински премиум бренд од Alfa Romeo, наместо раст на продажбата

Slide

Димензиите на моделот го најавуваат и неговиот спортски карактер. Со должина до 4.53 метри и висина од 1.60 метри, Tonale е три сантиметри подолг и седум сантиметри понизок од VW Tiguan.

03/03/2022

Преку лансирањето на Tonale – прво лансирање на Alfa Romeo по она на Stelvio во 2016 година, премиум брендот во рамките на Stellanits ќе влезе во компактниот SUV сегмент.

Во Европа овој сегмент има помеѓу 2.5 до 3 милиони продажби годишно. 

Тоа, според извршниот директор Жан Филипе Импарато, е причината поради која тој верува дека успешното лансирање на Tonale ќе може да ја удвои продажбата на Alfa Romeo на над 100,000 примероци до 2023 година.

“Минатата година испорачавме 55,000 автомобили, што е нешто помалку споредено со 2020, кога испорачавме 63,000. Таа бројка вклучуваше 14,400 примероци од Giulietta, кој престанавме да го произведуваме кон крајот на 2020, но сепак забележа 4,800 продажби и минатата година. Доколку се изземат продажбите на Giulietta во двете години, ние имаме раст од 1,300 возила.” – вели Импарато.

“Дури половината од глобалната продажба на брендот беше остварена во Европа, а една четвртина – во Италија. Една третина од глобалната продажба е направена во Северна Америка, додека останатите продажби се однесуваат на регионот Азија – Пацифик. Што се однесува до D сегментот, доколку ги земеме предвид само моделите со мотори со внатрешно согорување, какви што нудиме во моментов преку Giulia и Stelvio – нашиот пазарен удел пораснал насекаде освен во Кина,” додава тој.

Што се однесува, пак, на флотните продажби, кои заземаат околу половина од продажбите на Alfa Romeo во Европа, според Импарато, немањето на електрифицирани модели го чинело брендот изгубени 30% потенцијални дополнителни продажби.

Брендот пропуштил можност и за дополнителни продажби во Франција и Белгија, каде возилата со повисоки Co2 емисии имаат повисоки оданочувања.

Во прилог на тврдењето на Импарато говорат и статистиките за Италија, каде минатата година беше забележлива транзицијата на купувачите кон електрифицирани модели. Таму продажбите на електрифицирани модели во сегментите каде се натпреваруваат двата модели на Alfa, пораснал од 29% на почетокот од 2020, на дури 79% кон крајот на 2021. Ова е главната причина поради која Tonale уште од самиот старт ќе се нуди со хибриден погон.

Alfa ќе ја лансира плаг-ин хибридната изведба со 275 hp во октомври годинава. Тоа значи дека таа изведба значително ќе влијае на продажните бројки дури во 2023 година. Во однос на одделните земји, во оние каде Co2 регулативата наметнува дополнителни давачки, Alfa очекува плаг-ин хибридната изведба на моделот да достигне дури 80%. 

Импарато, следејќи ја стратегијата на Alfa Romeo, не е загрижен за апсолутните бројки на продажба на Tonale следната година: “Не се работи за вкупната бројка на продажба, бидејќи бројките на продажба не се секогаш пропорционални со профитабилноста. На пример, еден процент пазарен удел во сегментот на компактни SUV модели во Европа изнесува 25,000 возила. Три проценти удел е еднаков на 75,000. Ние имаме голема флексибилност во нашата фабрика во Помиљиано. Со оглед на тоа што Tonale ќе дебитира во јуни, ќе бидеме задоволни доколку годинава ја завршиме со 30,000 продадени примероци. Понатаму, доколку се земе предвид една цела година, продажниот потенцијал на Tonale може да биде помеѓу 70,000 и 80,000 примероци.” – додава тој.

Според менаџментот на Alfa Romeo, брендот не се оптоварува со нивото на продажба, бидејќи не го оптеретуваат фиксните трошоци во фабриката во Помиљиано, со оглед на тоа што таму се произведува и моделот Fiat Panda, кој може да го пополни дополнителниот капацитет, доколку се произведат помалку примероци од моделот Tonale од очекуваното.

Според Импарато “не можете да криерате премиум бренд, доколку сте под постојан притисок да произведете што поголем број на возила”.

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди