Slide

Вести

Stellantis ја напушта ACEA – асоцијацијата на европските автомобилски производители

Slide

Таварес е претходен претседател на ACEA, здружение кое вклучува 16 клучни европски автомобилски производители.

15/06/2022

Stellantis потврди дека на крајот на годинава ќе го прекине членството во ACEA и најави сопствен годишен настан на кој ќе се разговара за предизвиците на мобилноста.

Stellantis, како дел од новиот пристап за соочување со предизвиците на модерната мобилност, го напушта традиционалниот пристап на лобирање преку заедничката асоцијација.

Групацијата, која ја сочинуваат 14 автомобилски брендови, пред два дена најави дека планира да воспостави настан именуван како “Freedom of Mobility”, кој би се одржувал еднаш годишно, а првиот од нив би се одвивал на почетокот на 2023 година.

Случувањата со Stellantis и ACEA се софпаѓаат со најавеното гласање од страна на 27-те членки на ЕУ, кои имаат намера да ја забранат продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување, мерка која би започнала да важи по 2035 година.

“Ние планираме да креираме јавен форум во кој учесниците ќе може заеднички да ги дискутираат клучните прашања во врска со мобилноста на иднината, како и клучните чекори кои индустријата треба да ги преземе во иднина”, изјави Карлос Таварес, извршниот директор на Stellantis.

Таварес е претходен претседател на ACEA, асоцијација со седиште во Брисел, која вклучува 16 клучни европски автомобилски производители.

Во асоцијацијата не членуваат новоформираните производители како што е Tesla, а истото важи и за азиските брендови, како што се Suzuki и Subaru. 

Stellantis е првиот клучен фактор во автомобилската индустрија кој ја напушта ACEA, чија примарна дејност е лобирање во корист на автоиндустријата во рамките на Европската Унија.

“Додека ACEA ја почитува одлуката на Stellantis да се повлече од членство во асоцијацијата на крајот од годината, жал ни е поради таквата одлука”, се вели во соопштението од Здружението. “Ние продолжуваме да работиме посветнено во форма на заеднички претставник на европските автомобилски производители”.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Volvo наскоро ќе започне произведува каросерии од само неколку големи алуминиумски парчиња
Новата платформа за електрични автомобили на BMW во 2025 ќе ги замени актуелните CLAR и UKL платформи
Volvo во 2026 ќе отвори нова фабрика за производство на електрични автомобили во Словачка
Jaguar го зголеми гарантниот период на 5 години или 150,000 изминати километри