Slide
Slide

Вести

Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental

Slide
Slide

Заштедите меѓудругото се постигнати преку воведување на нови пневматици од Continental, кои имаат реконфигурирана структура при што се овозможува помал отпор при возењето, а се однесува на 16 и 17-инчните пневматици.

01/12/2021

Промените во пневматиците, реконфигурањето на степените на пренос во системот на трансмисија и новите топлински пумпи додаваат до 25 километри дополнителна автномија, со што овие модели ја намалија разликата во однос на Renault Zoe – лидерот според автономијата во сегментот.

Зголемувањето на автономијата се однесува на малите електрични возила поставени на е-CMP платформата на групацијата, а ќе важи од почетокот на 2022 година.

Peugeot e-208 добива дополнителни 22 километри автономија, со што вкупната автономија во комбиниран WLTP циклус изнесува дури 362 километри, додека кросоверот 2008 добива дополнителни 25 километри, за вкупна автономија од 345 км.

Во однос на моделите на Opel, електричната изведба на бестселерот во “B” сегментот, Corsa-e според новите параметри добива 359 километри автономија, што е за 25 километри повеќе од досегашната, додека автономијата на моделот Mokka-e од 322 километри се зголемува на 338 км.

Слична е ситуацијата и кај сестринскиот модел на Stellantis во премиум сегментот, DS 3 Crossback E-Tense, кој добива дополнителни 24 километри за вкупни 341 километар автономија.

При лансирањето во 2019 година, моделите Peugeot e-208 и Corsa-e имаа значително помала автономија споредено со нивниот конкурент, моделот Renault Zoe, кој во континуитет е унапредуван од лансирањето во 2013 година. Zoe во моментов може да помине  395 километри со едно полнење на батеријата.

Како дополнување на зголемувeтo на автономијата во комбинираниот WLTP циклус, според Stellantis направени се значителни подобрувања и на автономијата при ниски температури. Имено, при возење во урбани средини на нула степени целзиусови, отсега нивните модели ќе имаат до 40 километри поголема автономија.

Останатите мали електрични возила на пазарот во Европа имаат слични или нешто послаби резултати кога е во прашање автономијата.

Така, моделот Honda e има автономија од 280 километри, новиот електричен Fiat 500 има автономија од 320 километри, додека Mini Electric може да помине до 234 километри со едно полнење на батеријата.

Според Stellantis, зголемувањето на растојанието кое може да се помине со едно полнење на батеријата е имплементирано преку следните три стратегии:

  • Воведување на нови пневматици од Continental, кои имаат реконфигурирана структура при што се овозможува помал отпор при возењето, а се однесува на 16 и 17-инчните пневматици.
  • Имплементирање на нова топлотна пумпа, со сензор за влажност на врвот на ветробранското стакло, преку кој подобро се контролира циркулацијата на воздухот во кабината и се штеди енергија при греење и ладење.
  • Различна конфигурација на степените на пренос во системот за трансмисија, за оптимизација на автономијата при возење на отворен пат.
Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1