Slide 1

Вести

Stellantis ќе ја претвори фабриката во Торино во фабрика за електрични автомобили

Slide 1

Во Мирафиори, Stellantis ќе произведува автомобили со мотори со внатрешно согорување, хибриди, и електрични автомобили наизменично, во еден производствен процес.

12/10/2021

Менаџментот на Stellantis планира пренамена на фабриката во Торино во електричен центар, каде воедно ќе се префрли производството на два модела на Maserati. 

Целта на реорганизацијата е зголемување на ефикасноста при преодот кон производство на електрични автомобили.

Во фабриката Мирафиори, каде веќе се произедува електричниот Fiat 500, помеѓу 2022 и 2024 година ќе се произведуваат и моделите на Maserati, а воедно таа ќе стане и центар на електрификацијата на групацијата во Италија.

Фабриката Мирафиори е историски важна за Fiat. Во неа, во некои периоди од минатиот век, кога производството надминуваше 600,000 автомобили годишно, работеа над 50,000 работници.

Во моментов покрај Fiat 500, таму се произведува и SUV моделот Maserati Levante.

Според извештаите во италијанските медиуми, Fiat планира да го зголеми производството на Fiat 500 во Торино, реалоцирајќи дел од производсвените капацитети од Туши, Полска, каде истовремено се произведува овој модел.

Во Мирафиори, Stellantis ќе произведува автомобили со мотори со внатрешно согорување, хибриди, и електрични автомобили наизменично, во еден производствен процес.

Stellantis, групацијата која се формираше на почетокот на годинава со спојувањето на Fiat Chrysler и PSA Group, во истата фабрика ќе ги произведува и Maserati Ghibli и Quattroporte, кои ќе бидат префрлени од погонот во Грулијаско, кој се наоѓа во непосредна близина на Мирафори.

Според соопштението на Stellantis, еден од првите чекори ќе биде креирање на електрична платфома наменета исклучиво за Maserati.

“Stellantis работи со одлучност за да ги антиципира промените и да се прилагоди за транзиција кон електрични возила во сите производствени капацитети во Италија” – изјавија од групацијата во понеделникот.

Целта е да се подобри ефикасноста на фабриките, со што ќе се даде стратешка улога на Италија во однос на пазарите на континентот.

Потврдено е дека во Торино во иднина ќе се произведува новиот Fiat 500. Сите 1,100 вработени во фабриката во Грулијаско ќе се префлат во Мирафори. Грулијаско е само 4 километри оддалечено од Мирафиори. Вработените и досега се трансферираа помеѓу фабриките согласно потребите. Со овој потег финално ќе престане да се произведуваат автомобили во Грулијаско, по една деценија откако таму започна производството на Maserati.

Производството на фабриките на Stellantis во Италија го привлече вниманието од менаџментот на групацијата поради поголемите трошоци кои ги прават тамошните фабрики споредено со оние во останатите европски земји.

Извршниот директор на групацијата, Карлос Таварес, во февруари годинава изјави дека производствените трошоци во фабриките во Италија се дури четири пати поголеми од оние во фабриките на PSA во Франција или Шпанија.

Разликата во трошоците не е поради разлика во платите, туку поради различниот годишен обем на производство, кој влијае на трошоците по произведено возило.

Во јуни, производителот реши да ја реорганизира фабриката во Мелфи, во јужна Италија при што производството се префрли на една проширена производствена линија, наместо претходните две. При ова не се намали капацитетот на производството во фабриката. Во Мелфи, започнувајќи од 2024 година ќе се произведуваат четири електрични модели за различни брендови на групацијата.

Пред неколку месеци од Stellantis соопштија дека во Термоли, околу 300 километри источно од Рим, ќе биде лоцирана една од трите европски фабрики за батерии на групацијата. На оваа локација во моментов се произведуваат мотори со внатрешно согорување.

Stellantis  минатиот месец ги финализираше плановите за заедничко вложување во производство на батерии заедно со Даимлер.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental