Slide

Стории

Stellantis ќе лансира онлајн платформа преку која ќе се реализираат половина од продажбите во Европа

Slide

Според Таварес "онлајн продажбата во Европа би можела да заземе над 45% од вкупните продажби на континентот".

09/03/2022

Групацијата Stellantis планира намалување на трошоците за дистрибуција на нови возила за 40% до 2030 година, додека за Европа намалувањето е планирано да достигне дури 50% во истиот период.

Овие планови се во корелација со промената на начиниот на кој ќе се продаваат новите возила од страна на брендовите во рамките на групацијата.

Најавата беше дел од настанот на кој врвниот менаџмент ја откри новата “Dare Forward 2030 stragegy”.

Извршниот директор Карлос Таварес изјави дека групацијата планира до 2024 година над 800,000 возила да се продаваат онлајн. До 2030 година планирано е дури третина од продажбите да бидат онлајн.

Според Таварес “онлајн продажбата во Европа би можела да заземе над 45% од вкупните продажби на континентот”.

“Факт е дека трошоците за дистрибуција (каде спаѓаат трошоците за маркетинг и малопродажба) се многу високи”, додаде тој, без да сподели бројки.

Извршниот директор на Stellantis ќе ги намали трошоците до ниво до кое точката на профитабилност (breakeven) на групацијата би се достигнала со само 50% од капацитетот.

Овие напори се дел од обидите на менаџментот да најде форма во која ќе се абсорбираат дополнителните трошоци за развој и производство на електрични возила.

Групацијата е во преговори со над 15,000 дилери во Европа, во врска со воведување на малопродажен модел при кој Stellantis би имал поголема контрола врз продажниот процес, вклучувајќи го и дефинирањето на трансакциската цена за новите возила која ја плаќа крајниот купувач.

Првите брендови, кои веќе следната 2023 година ќе преминат на новиот малопродажен модел, се Alfa Romeo, DS и  Lancia, како и комерцијалните ванови на брендовите во групацијата.

Според агенцискиот модел, Stellantis ќе ги покрива трошоците за дистрибуција вклучувајќи ги и трошоците за залихи и продажни бонуси (incentives). Според проценките, овие трошоци заземаат околу 30% од малопродажната цена на возилата.

Таварес изјави дека во моментов се водат преговори со асоцијациите на европските дилери. “Мислам дека преговорите се одвиваат одлично, според белешките од тие состаноци кои ги имам прочитано”, додаде тој за време на настанот.

Напорите за раст на онлајн продажбите се илустрираат и преку поддршката за креација на веб платформа каде ќе бидат застапени модели од сите брендови во рамките на Stellantis, групација во чија сопственост се и Opel, Citroën, Peugeot и Fiat. Според Таварес, стартот на платформата е најавен за 2024 година, додека нејзината целосна функционланост се очекува да достигне во 2027 година.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба