Slide

Вести

Stellantis на дел од вработените во фабриката во Србија им нуди 2-годишна обука во странство или отказ

Slide

Минатиот месец, Владата на Србија и Stellantis потпишаа договор вреден 190 милиони евра, кој предвидува групацијата да произведува електрично возило во Крагујевац. Србија во проектот инвестира 48 милиони евра.

26/05/2022

Stellantis на дел од вработените во фабриката во Крагујевац им нуди можност за обука за производство на електрични возила, која би се одвивала во странство во траење од две години. Втората можност е да аплицираат за “програма за напуштање на компанијата”.

Компанијата не објави на колку од 2,000-те вработени во фабриката во Крагујевац им била понудена оваа можност.

Минатиот месец, Владата на Србија и Stellantis потпишаа договор вреден 190 милиони евра, кој предвидува групацијата да произведува електрично возило во Крагујевац. Србија во проектот инвестира 48 милиони евра.

Во изјава од вторникот, Stellantis изјавува дека како дел од подготовките за старт на производството во 2024 година, на дел од вработените ќе им биде понудена работа во некоја од европските фабрики каде во тек е трансформација на производството кон електрични возила. Втората опција е тие да се пријават во програма за напуштање на компанијата.

Според соопштението “првичните резултати се охрабрувачки, за само една седмица, околу 25% од вработените изјавиле подготвеност да работат во странство, а повеќе од 100 вработени прифатиле да работат во други фабрики на Stellantis во Европа”. Во соопштението се наведува дека индивидуални интервјуа со вработените ќе бидат спроведени во следните денови.

Саша Ѓорѓевиќ, претседател на синдикатот на фабриката, изјави дека не е правилно да се принудуваат вработените да избираат помеѓу работа во странство или напуштање на компанијата.

“Државата Србија инвестира 48 милиони евра и не е фер да се користат тие пари за да се отпуштаат наши државјани или да се префрлат да работат во странство”, изјави тој.

Тој додава дека било каква реалокација на работниците треба да се направи на доброволна основа и согласно српските закони.

Инаку, Stellantis не објави многу детали за тоа кој точно модел ќе се произведува во фабриката, но извршниот директор Карлос Таварес минатиот месец изјави дека фабриката совршено ќе се вклопи за производство на мали градски автомобили, како и автомоибли од B и C сегментите.

“Новата платформа за електрични возила ќе биде соодветна за автомобили од A, B и C сегментите и ќе понуди чисти и ефикасни решенија за урбаната мобилност на нашите брендови”, изјави тој.

Неколку медиуми објавија дека еден од моделите кој може да се произведува во фабриката е електрична изведба на моделот Fiat Panda.

Србија има 33% сопственички удел во фабриката, која претходно, додека беше во сопственост на државната Zastava Automobili, го произведуваше популарното Yugo.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Новата платформа за електрични автомобили на BMW во 2025 ќе ги замени актуелните CLAR и UKL платформи
Volvo во 2026 ќе отвори нова фабрика за производство на електрични автомобили во Словачка
Jaguar го зголеми гарантниот период на 5 години или 150,000 изминати километри
Денес на авто-производителите им се потребни 127 работници за производство на 1,000 возила, споредено со 89-те во 2020