Slide

Стории

Stellantis планира 20 милијарди евра приход и 40% маржа од дигиталните услуги овозможени од соработката со Qualcomm

Slide

Имено, платформата овозможува унапредувања на силата во киловати, дополнителни режими на возење и дијагностика и поправки во периодот на експлоатација на возилото.

15/04/2022

Opel, Peugeot и останатите брендови на Stellantis групацијата ќе користат “Snapdragon Digital Chassis” како основа за “STLA Brain” и “SmartCockpit”, двете најавени техношки платформи на групацијата.

Соработката ќе ги вклучува моделите од сите 14 брендови на групацијата, започнувајќи со брендот Maserati во 2024 година. Ова го потврди Ив Бонефонт, директорот за софтвер во Stellantis.

Според него, до 2026 година технологијата ќе биде интегрирана во сите брендови во рамките на групацијата.

STLA Brain платформата е основната софтверска платформа за идните модели на Stellantis. Таа е интегрирана со централен сервер за овозможување на безжични надградби. SmartCockpit платформата е развиена како дополнување на Brain, а ќе користи апликации базирани на вештачка интелигенција за да овозможи напредни инфотејнмент функционалности и услуги, вклучувајќи плаќања за дигитални услуги во самото возило, како и напредни гласовни команди. Овие платформи се развиваат преку директна соработка со Amazon и Foxconn.

Производот Snapdragon Digital Chassis на Qualcomm вклучува серија на скалабилни поврзани платформи, кои покриваат четири аспекти: безжично поврзување со сервер, кокпитот, возењето, односно асистентите при возењето и конективноста.

Соработката со Stellantis ќе ги вклучува платформите кои се однесуваат на кокпитот и конективноста, преку интегрирање на 5G функционалности. Кокпит платформата ќе биде основа за комуникациските и инфотејнмент системи во возилото.

Дел од функционалностите на STLA Brain ќе бидат унапредени преку Digital Chassis компонентите, вклучувајќи ги безжичните надградби, но не само нив.

Имено, платформата овозможува унапредувања на силата во киловати, дополнителни режими на возење и дијагностика и поправки во периодот на експлоатација на возилото.

Според Бонефонт, технологијата на Qualcomm ќе му помогне на Stellantis да ја постигне целта од 20 милијарди евра приход од софтверските услуги и претплати. Според неодамна претставениот Dare Forward 2030 план, на овие функционалности групацијата очекува бруто маржа од 40%.

Ниту од Stellantis, ни од Qualcomm не објавуваат финансиски детали поврзани со соработката. Во моментов не е познато дали компаниите би споделувале дел од приходите кои ќе се генерираат преку дигиталните услуги.

Компанијата Qualcomm, чие седиште се наоѓа во Сан Диего, во Калифорнија, соработува со голем дел од големите автомобилски производители, вклучувајќи ги BMW, Hyundai Group, Volvo Cars, Renault и Honda.

Според Бонефонт, соработката со Qualcomm ќе ја стабилизира ситуацијата со достапноста на полупроводници, кои предизвикаа големи проблеми на автоиндустријата во последните 18 месеци.

Што се однесува до Qualcomm, испорачувањето на вака важни технолошки компоненти за автомобилските производители е можност за директна соработка, без вклчување на нивните главни (Tier 1) добавувачи како посредници. 

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан