Slide
Slide

Стории

Stellantis планира воведување на агенциски продажен модел во Европа за сите свои брендови

Slide
Slide

Групацијата сака да го промени моделот на работа на продажната мрежа која се состои од над 15,000 франшизни локации и да воведе таканаречен "агенциски малопродажен модел".

27/12/2021

Европската дилерска мрежа на Stellantis ќе помине низ голема реорганизација во следните неколку години, која ќе започне во 2023 година кога за премиум брендовите и вановите ќе биде воведен хибриден малопродажен модел.

Stellantis во соработка со европските дилерства планира реогранизација на својата малопродажна мрежа, која според експерти во индустријата е досега незабележана во овој обем.

Групацијата сака да го промени моделот на работа на продажната мрежа која се состои од над 15,000 франшизни локации и да воведе таканаречен “агенциски малопродажен модел”.

Промените би му овозможиле на менаџментот на Stellantis поголема контрола врз начинот на кој се продаваат нивните возила. Транзицијата предвидува намалување на маржите кои Stellantis ги исплаќа на дилерствата, во замена за преземање на дел од трошоците како што се финансирањето на залихите и маркетингот.

Менаџментот на Stellantis верува дека промената ќе ги намали вкупните трошоци и ќе ја направи потранспарентна политиката на цени, а во исто време ќе го зголеми задоволството на купувачите.

“Ние сме убедени дека, штом соодветно ќе се имплементира, овој модел на дистрибуција ќе понуди предност за сите страни” – изјави Мариа Грациа Давино, директорката на Stellantis за продажба и маркетинг за Европа.

Според Давино, Stellantis планира да започне со склучување на првата серија од новите договори до јуни 2023 година.

Останатите брендови и пазари ќе ја направат промената во 2026 година.

Според новиот модел, крајниот купувач повторно го купува возилото од локалниот дилер, но производителот ги покрива сите трошоци за дистрибуција, вклучувајќи ги тука трошоците за одржување на залихите и субвенциите (insentives). Според проценките, овие трошоци заземаат околу 30% од продажната цена на возилата.

Менаџментот на Stellantis очекува промените да резултираат со конзитентни малопродажни цени во дилерствата и онлајн, што во крајна линија ќе им заштеди на купувачите време и енергија која ја трошат на потрага по подобри цени кај различни дилерства.

Во просек, европските дилерства на Stellantis заработуваат продажна маржа од 9 проценти. Според новиот план, таа би требало да се преполови, но групацијата верува дека намалувањето на маргината ќе биде помало од заштедите за дистрибуција, залихи и продажни субвенции. Предност за Stellantis ќе биде тоа што ќе може да задржи поголем дел од продажната цена.

“Сѐ уште траат преговорите со асоцијациите на дилерствата, но сметаме дека реално е да се договори продажна маржа помеѓу 4 и 5 проценти,” – изјави Давино.

Stellantis, групација која беше креирана во јануари 2020 со спојувањето на PSA Group и Fiat Chrysler Automobiles, нема единствена асоцијација на дилерствата. Брендовите на претходната FCA се под чадорот на ADEFCA, додека Peugeot, Citroën и Opel имаат нивни засебни асоцијации.

Агенцискиот модел на продажба веќе се користи од страна на Polestar, сестринската компанија на Volvo, потоа Genesis, премиум брендот на Hyundai, како и на одредени пазари од страна на Mercedes-Benz. Брендовите Audi и Volkswagen користат варијација на агенцискиот модел за продажба на нивните електрични модели.

Куќата на Stellantis

Уште еден клучен елемент во промените е желбата на Stellantis едно исто дилерство да може да застапува поголем број на брендови.

За да се оствари ова, Stellantis ги смени правилата во однос на минималната квадратура која треба да ја има еден продажен салон за да се квалификува за продажба на одреден бренд. Ова значи дека дел од малопродажните места ќе може да го зголемат своето порфтолио преку додавање на брендови како Alfa Romeo, Citroën, Fiat, Jeep, Peugeot и Opel.

Ваквите локации во рамките на компанијата би биле познати како Stellantis House.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1