Slide

Вести

Stellantis следната година ќе воведе и трета смена во Мирафори, за да произведе 120,000 примероци од Fiat 500

Slide

Тековната генерација на Fiat 500 беше лансирана кон крајот на 2020, минатата година со 44,371 продадени примероци, ја зазеде седмата позиција според продажбата во Европа.

07/04/2022

Наследникот на малиот електричен Fiat 500 ќе продолжи да се произведува во култната Мирафори фабрика во Торино. Ова беше потврдено од страна на групацијата при најавата за неколку производствени реалокации кои се однесуваат на други модели.

Фабриката, која започна со работа во 1939 година и е најстара во Италија, ќе биде локацијата каде ќе се произведуваат уште два нови модели на Maserati. Ова беше потврдено од страна на претседателот на одборот на директори на Stellantis, Џон Елкан и извршниот директор на групацијата, Карлос Таварес.

Тековната генерација на Fiat 500 беше лансирана кон крајот на 2020, минатата година со 44,371 продадени примероци, ја зазеде седмата позиција според продажбата во Европа.

Според извори од добавувачите, Stellantis планира годинава да произведе 90,000 примероци од овој модел, и уште 120,000 следната година, што наметнува потреба од воведување на трета смена во фабриката.

Минатата година од Stellantis беше најавено дека фабриката во Мирафори ќе биде претворена во база за производство на електрични модели.

Наследникот на Fiat 500 треба да дебитира во 2027 и ќе биде поставен на новата STLA Small платформа. Fiat 500 се продава само во Европа, а во моментов нема најави за проширување на продажбата на други континенти.

Fiat одреден период ја продаваше комплетно електричната изведба на 500 во САД. Тие примероци се произведуваа во Мексико, и беа адаптирани варијанти од изведбата со мотор со внатрешно согорување, кои Stellantis ги произведува за Европа во својата фабрика во Туши, во Полска. Toj модел се разликуваше од новата 500-ка.

Подоцна во текот на годинава во фабриката во Мирафори ќе започне производството и на новото купе GranTurismo на Maserati, a следната година ќе започне производството и на кабриолет изведбата – GranCabrio. И двата модели ќе добијат електрични изведби во 2023.

Мирафори започна да произведува модели на Maserati во 2016, кога таму почна производството на SUV моделот Levante.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск