Slide

Стории

Стратегијата на Alfa Romeo предвидува помали залихи, помалo производство и пазарно позиционирање како BMW

Slide

Малите SUV модели на Alfa Romeo ќе се произведуваат во фабриката во Туши во Полска, и ќе бидат поставени на CMP платформата на PSA. Giulia, Stelvio и останатите големи модели ќе бидат поставени на STLA Large платформата.

18/02/2022

Жан-Филип Импарато најавува фокусирање на производителот на квалитет, профитабилност и обид да се конкурира на BMW во однос на цените и пазарна позиција.

Според извршниот директор на Alfa Romeo, кој пристигна на оваа позиција по неговиот ангажман во Peugeot, италијанскиот бренд цели кон позицијата на BMW и тоа се однесува на сите региони. 

Импарато ценовното дефинирање не го смета првенствено како алатка за продавање, туку како адут за подобрување на позиционирањето на брендот. 

Според страгетијата на менаџментот, Alfa Romeo нема да се труди да постигне големи бројки на годишно производство, и наместо тоа ќе се фокусира на креирање на вистински премиум бренд.

Кратко по формирањето на групацијата Stellantis, нејзиниот извршен директор, Карлос Таварес, му предаде тешка задача на својот долгогодишен соработник – Жан Филипе Импарато: Да ја претвори Alfa Romeo во премиум бренд кој ќе може да се конкурира со BMW.

Импарато има значителни резултати зад себе. Тој за време на својот 5-годишен мандат како CEO на Peugeot успеа да ја зголеми профитабилноста на францускиот бренд. 

Новиот извршен директор на Alfa Romeo уште во првата година оствари дел од планираните активности. Под негово водство, Alfa Romeo повеќе не се фокусира на висок обем на производство, а наместо тоа, фокусот на менаџментот се профитабилни канали и подобрување на трансакциските цени и маржите. 

Целта на брендот е да може да му парира на германски BMW во однос на цените на сите пазари каде двата бренда се натпреваруваат.

Кога Импарато ја презеде позицијата, гамата на брендот вклучуваше само два модели, седанот Giulia и SUV моделот Stelvio.

Првиот нов модел на Аlfa Romeo во последните шест години, кросоверот Tonalе ќе започне со продажба во јуни. 

Според, Импарато, тој е среќен што неговиот претпоставен е Карлос Таварес. “Ние повеќе не развовараме за пазарен удел. Наместо тоа, се фокусираме на квалитет, маржа по возило и позицинирање на цените. Сакаме да вградиме во моделите на Alfa Romeo соодветно ниво на технологија и електрификација, а во исто време да достигнеме соодветно ниво на профитабилност”, вели тој.

Менаџментот на Alfa Romeo ја помина првата година по формирањето на Stellantis во обиди за реструктурирање на продажните канали. Тие ја завршиле 2021 со (OEM stock) залихи во сопственост на производителот од само 1,200 возила, што претставува еквивателнт на еднонеделна продажба. 

Производителот и во иднина ќе се труди да одржува ниско ниво на залихи кај себе и кај своите дилери, нагласувајќи дека тоа е една од клучните алатки за одржување на цените на профитабилно ниво.

Стратегијата на Alfa е да има секоја година до крајот на декадата да има барем по едно лансирање на нов модел годишно или пак обновување на тековен модел. 

“Во 2024 Ќе лансираме SUV помал од Tonale. Тоа ќе биде првиот комплетно електричен модел на Alfa, но сепак, ќе има и изведби со мотори со внатрешно согорување”, додава Импарато. Лансирањето на малиот кросовер, кој веројатно ќе се вика Brennero, првично беше предвидено за 2023. 

“Потоа во 2025 ќе го лансираме нашиот прв модел кој ќе се произведува само со електричен погон. Започнувајќи од 2025, сите нови модели ќе бидат само 100% електрични”.

Што се однесува до поголемите седани или SUV модели, во Alfa сѐ уште размислуваат. “Мора да ги имаме предвид менувањето на трендовите на различните пазари. Забележуваме раст во големите D и E SUV сегменти. Тоа е многу интересно за нас, особено за САД. Главното прашање е дали сакаме да се натпреваруваме надвор од Европа, а мојот одговор е: Да, ние мораме да останеме присутни во САД. За да се оствари тоа, следните генерации на Giulia и Stelvio мора да ги исполнат очекувањата на тамошните клиенти во однос на електрификација и инфотејнмент”.

Што се однесува до моторите со внатрешно согорување, предвидувањата на Импарато се јасни: “3.0-литарскиот V-6 бензински мотор во Европа може да се продава уште три до четири години. По 2027 ние планираме да продаваме само комплетно електрични возила. Нашата стратегија ја зема предвид и ЕУ регулативата, која предвидува намалување на Co2 емисијата за дополнителни 60 до 70% до крајот на декадава. Бидејќи ние не можеме да си дозволиме напоредно производство на двата типа на погони, моравме да избереме еден, а тоа е електричниот погон.”

Малите SUV модели на Alfa Romeo ќе се произведуваат во фабриката во Туши во Полска, и ќе бидат поставени на CMP платформата на PSA. Giulia, Stelvio и останатите големи модели ќе бидат поставени на STLA Large платформата. 

Во однос на лансирање на мал хеџбек наследник на Giulietta, менаџментот сѐ уште нема донесено одлука. Според Импарато, “тој модел е планиран за 2027-28, па ќе мора да почекаме да видиме колкава автономија ќе биде овозможена од тогашните батериски технологии за да можеме да решиме дали ќе лансираме таков модел”.

Ценовното позиционирање ќе биде еден од главните адути на Alfa Romeo, во комбинација со соодветен пазарен микс и адекватен квалитет на моделите. 

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба