Slider

Вести

Студија: Автомобилите со погон на водород ветуваат голем потенцијал за браншата

Slider

Проценката на експертите е до 2040 година може да биде направен обрт од 11 милијарди евра само за производство на потребните елементи и делови за користење на погонот на водород, односно горивни ќелии, чиј главен адут е еколошкиот „отпечаток“

29/06/2020

Иако дел од производителите објавија дека ги намалуваат своите инвестиции во развој на автомобили со погон на горивни ќелии, последната студија поврзана со овој тип возила најавува успешна иднина за сегментот.

Според Асоцијацијата за индустриски механички инжинеринг, погонот на горивни ќелии се наметнува како иднина на мобилноста и голема можност за автомобилската индустрија.

Проценката на експертите е до 2040 година може да биде направен обрт од 11 милијарди евра само за производство на потребните елементи и делови за користење на погонот на водород, односно горивни ќелии, чиј главен адут е еколошкиот „отпечаток“.

Азиските производители отидоа најдалеку во овој сегмент со сериско производство на неколку модели, а во студијата се вели дека меѓу 2030 и 2040 година, на годишно ниво би требало да се продаваат по околу 10 милиони примероци, што би значело пазарен удел од околу 12 проценти.

За националните економии значи отворање на 68.000 нови работни места само во Европа, при што се очекува и значаен придонес во намалување на Co2 емисијата, која вообичаено е проблематична при производсвото на електрична енергија за моделите со електричен погон.

Иако дел од производителите и натаму инвестираат сериозни суми во развој на погонот на горивни ќелии, засега проблематични остануваат цената на благородните елементи кои се вградуваат, како и инфраструктурата за полнење на водород.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider